За нас

Првиот парк за кучиња во Скопје “АвАв Хепи Дог”

АвАв Хепи Дог е првиот забавен парк во Македонија за кучиња и нивните сопственици кој е формиран како социјално претпријатие и е направен целосно од рециклирани материјали, што е во целосна согласност со нашите вредности и верувања да бидеме одговорни кон животните, животната средина и кон планетата воопшто.

Пет центарот АвАв Хепи Дог нуди паркови со рампи за агилност и тренинг на кучиња, базен во форма на коска со прскалки за забава на вашите миленици, широка тревна површина за игра без поводник, груминг со најсовремена козметика за нега и пекара со домашно направени здрави тритови и сладоледи.

Создаваме центар во кој секој ќе се чувствува пријатно, ќе се разменуваат искуства и ќе се подига свеста и одговорноста кон добра нега на кучињата од страна на сопствениците, а особено на децата како идни одговорни сопственици на кучиња.

Мисија

Мисија на АвАв Хепи Дог како компанија е “да се подобри квалитетот на живитот на кучињата и трајно вдомување на уличните кучиња преку нивно времено згрижување, а воедно и создавање на пријатен простор со многу содржини за едукација, забава и игра на домашните миленичиња и нивните сопственици, со цел “на едно место да се најдат сите потребни производи и услуги”.

Визија

Нашата визија е да создадеме заедница каде што секое куче ќе има траен дом, на секое куче да му е обезбедена основната нега и градот Скопје да биде град без улични кучиња и насилство врз животните.

ЗАПОЗНАЈ ГО ТИМОТ

Наде Богоевска
Ceo / Founder

nade@avavhappydog.mk

Наде е Магистер по стратегиски комуникациски, и има искуство во маркетинг, а особено има афинитет за односи со јавноста и комуникациски стратегии и социјални медиуми. Таа е типичен млад социјален претприемач, со одлични организациски способности, богата со иновативни идеи за решавање на многу социјални проблеми во заедницата. Уште од најрани години таа е голем љубител на животните и е активист за правата на кучињата. Има големо искуство во посвојување и помош на уличните кучиња и активно организира и учествува во многу акции за спасување на бездомните кучиња. Наде има големи познавања за однесувањето и психата на кучињата и преку неизмерната љубов и трпение со нив е вистински тренер и терапевт на најпроблематичните и истрауматизирани кучиња.
Преку студиски патувања со самофинансирање Наде и Михаела имат посетено, повеќе шелтери и паркови за кучиња низ Европа, и се стекнаа со меѓународно искуство и добра пракса, која што ја применуваат во Македонија.Заедно со Михаела како сопственички на АвАв, се добитнички на СИА наградата, за најдобро социјално претпријатие за 2017 година.

Михаела Поповиќ
Ceo / Founder

mihaela@avavhappydog.mk

Михаела е Инженер Архитект и има големо искуство за користење на рециклирани материјали во модерен дизајн и е голем подржувач на оддржливиот развој. Михаела е полна со љубов кон сите животи, особено кон кучињата и никогаш не пропушта можност да направи нешто добро за нивната благосостојба и да им помогне на бездомните кучиња. Заедно со Наде се две млади образувани девојки со социјално претприемачки дух, полни со љубов, страст и ентузијазам да направат промена во односот и грижата кон уличните кучиња. Михаела со многу страст и љубов, а пред се поради нејзината уметничка душа и креативност го дизаинираше и го изведе АвАв Хепи Дог паркот користејки контејнери, палети, стари гуми, остатоци од градежни материјали и заедно со Наде и голема група волунтери го создадоа царството на кучињата во Скопје, водејки максимална сметка за енергетска ефикасност и заштита на животната средина. Михаела заедно со Наде, како сопственички на АвАв, се добитнички на СИА наградата, за најдобро социјално претпријатие за 2017 година.

Бојан Весковски
---

Бојан по професија е Физиотерапевт, со големо искуство во спроведување на физиотерапија во приватна здравствена организација. Неговата голема љубов кон кучињата прерасна во пасија кон нивна квалитетна нега, едукација, тренинг и добро здравје. Неговата нежна и искусна рака, смиреност и талент кон беспрекорност и естетика ги прави сите наши миленици да изгледаат убаво, да мирисаат убаво и да се со беспрекорно меко крзно, со негувани меки шепи, здрава кожа, чисти уши, средени нокти, а без притоа да доживеат никаква траума или стрес. Преку студиски патувања со самофинансирање Бојан има посетено, и завршено повеќе едукативни програми и курсеви за тренер и грумер за кучиња, и се стекна со меѓународно искуство и добра пракса, која што ја применува во Македонија. Бојан е полн со љубов и позитивна енергија кон сите гости во АвАв а особено кон милениците. Сите миленици ја обожуваат секојдневната игра и тренингот на рампите за агилност и тренингот за добро однесување. Сите велат дека со Бојан кучињата се однесуваат сосема поинаки, тие се многу умни, послушни и смирени, а тоа е благодарение на неговото професионално познавање на нивното однесување и психа, позитивната енергија, ведриот дух и неизмерната љубов кон секое куче. Неговата специјална едукација во Дог Траст, за организација на работа на тренинг центарот и дневната нега е посебно потребна за подигање на квалитетот на нашите услуги и за целокупното функционирање на пет центарот.

Ангел Богоевски
---

Ангел е Инженер Технолог, и е вклучен уште од првиот ден на почетоците на создавањето на АвАв Дог Паркот. Тој е најомилениот другар на сите кучиња, а особено од градинката на АвАв. Со неговата неизмерна љубов, желба за игра и трпение ги привлекува сите миленици како магнет. За него сите велат дека со неговата насмевка, весел дух и позитивна енергија паркот е место каде сите се чуствуваат како дома. Ангел е посветен на заштитата на животната средина, и е одговорен за едукативни активности за заштита на животната средина. Негова специјалност е користење на органски материјали. Уште од неговото детство е активист и длабоко инволвиран во заштита на животните и спасување на улични кучиња.

Данило Поповиќ
---

Дарко Мицевски
---