МК - Хотел ресорт

❤❤❤ХОТЕЛ И ДНЕВЕН ПРЕСТОЈ❤❤❤

 

ЦЕНОВНИК

❤ ЛУКСУЗЕН ХОТЕЛ РЕСОРТ ЗА КУЧИЊА ❤

Во АВАВ вашето куче ќе добие најдобро хотелско сместување и најдобра нега, слободна дневна игра во градинката на АвАв, без ланец, во првокласни услови и стандарди на Ресорт. Додека вие патувате одберете го ова специјално место за вашето куче и тоа ќе биде негувано со многу љубов и чувано без ланец, боксови или кафези. Навечер тие преспиваат во луксузни спални соби!

Најдобра причина зошто да го одберете АВАВ! 

Во нашиот Хотел Ресорт се грижиме за физичкото и психичкото здравје на кучињата. Кај нас во пансионот е влучена дневна градинка со сите соддржини на слободна игра, истрчување и вежби за агилност на рампите во специјализираниот парк. Кучињата во текот на целиот ден слободно се движат, играат и се социјализираат со другите нивни другарчиња, не се во кафези или во боксови, а имаат и лична спална соба која им е на располагање 24 часа! Кај нас кучињата се под 24 часовен надзор на стручни лица и големи љубители на животните, а имаме и камери за постојан надзор!

Прочитај повеќе
EN - Hotel and Daycare

❤ Avav Happy Dog Lodge Hotel & Daycare! ❤

We will provide your DOG companion with the best day care, doggie boarding, and unleashed dog experience, and we do it in a first-class “Resort Style”. A special place for dogs that need a little more. You lodge them in our Hotel, they play all day unleashed and we love them. No cage experience. At night they sleep in Luxury doggie bedrooms!

For reservation please contact: 077541635

Дополнителни информации и потребна документација!

Правила и услови
  • Сите кучиња мора да бидат регистрирани АвАв Хепи Дог Дневната Нега – Градинка.
  • Само кучиња кои се добро социјализирани, кои уживаат во друштво на други кучиња и луѓе, се погодни за да се приклучат на Градинката.
  • Мора да знаеме дека не се соодветни сите кучиња.
  • Сите кучиња ќе бидат интервјуирани заедно со нивните сопственици.
  • Кучињата со проблеми на однесување и агресија нема да бидат прифатени.
  • Кучињата кои се во циклус нема да можат да посетуваат градинка за време на тие денови (2-3 седмици).
  • Потребна е писмена согласност ако сакате вашето куче да се шета без поводник.
  • Потребна е писмена согласност ако се согласувате на вашето куче да се води со други кучиња.
  • Сите прифатени кучиња мора да имаат ажуриран сертификат за вакцинација, вклучувајќи и прочистување од паразити.
  • Во случај ако вашето куче е вмешано во несреќа или во итен случај, службите на АВАВ ХЕПИ ДОГ ќе го однесат вашето куче во ветеринарна амбуланта.
  • Кучиња со возраст под 8 недели не се прифакаат – ве молиме разговарајте со вашиот ветеринар.
  • Сите кучиња во нашиот дневен престој носат наши јаки со нашиот I.D. таг кои се обезбедени од страна на АВАВ ХЕПИ ДОГ.
  • Кучиња кои ќе бидат носени повремено ќе бидат фактурирани однапред – плаќањето се должи на приемот на фактурата.
  • Редовните кучиња ќе бидат фактурирани со дозволено одложено плаќање најдоцна по завршување на услугата, плаќањето се врши по приемот на фактурата.
  • Ако не се прими плаќање, АВАВ ХЕПИ ДОГ го задржува правото да го одбие вашето куче и ќе ве контактира за да ве информира за ова.
  • АВАВ ХЕПИ ДОГ нема да прифати одговорност за смрт, повреда или болест на вашето куче. Ви препорачуваме да го осигурате вашето милениче за сите евентуални настани.
  • АВАВ ХЕПИ ДОГ го задржува правото да го одбие или да го раскине договорот за секое куче или сопственик што покажува агресивно, деструктивно или неразумно однесување. АвАв Хепи Дог политика :
  • Целосно враќање на средствата ако откаже една недела пред реализација
  • Нема враќање ако се откаже во рок помалку од една недела пред да започне резервацијата.
Програма

Вистинско доживување од дома до дома, нашата дневна нега на куче нуди ексклузивно користење на нашиот специјално дизајниран парк за кучиња со рампи за агилност и тренинг, базен за кучиња, градина, со најразлични интересни играчки за игра на вашето куче особено ако има неисцрпна енергија! Вашето куче може да избере да се одмара во просториите кои се направени пријателски за кучиња, да се излежува на удобни креветчиња специјално направени за нив,поставени низ нашата градина или кафе бар. Без разлика дали си игра или се одмара, изборот ќе биде само негов. Тимот на АвАв со многу љубов и посветеност си игра со вашето куче со фрлање топчиња, фризби, стапчиња или со неговите омилени играчки и се она што сака вашето куче. АвАв ви гарантира најмалку еден саат активна игра и вежба, забава и социјализација која се одвива во нашиот специјално дизајниран парк за кучиња. Вашето куче ќе биде земено од дома наутро и ќе започне со фантастична физичка вежба и прошетка во паркот за кучиња. Ова е одлична можност за вашето куче да го раздвижи телото и да ги протегне нозете и да се сретне со другарчиња со кои може да си игра и трча во нашиот парк. Бидете сигурни дека кучето не си оди дома извалкано, ние ќе се погрижиме за тоа. Нивните шепи ќе бидат измиени со туш во АвАв и исушени со специјални крпи после нивната весела игра во базенот. На крај ви го враќаме вашето куче преморено од играње во попладневните часови, спремно за дремка. Пред да започнеме со дневна нега на вашето куче/кучиња, наша обврска (на наш трошок) ќе биде првичен состанок во вашиот дом. Таму ќе направиме проценка на потребите на вашето куче на самото место на неговото живеење, ќе направиме анализа за неговата дневна програма, за да бидеме сигурни дека ќе одбереме најдобра средина за него и најадекватна група за игра и забава врз основа на неговиот карактер, енергија и темперамент. Доколку е потребно ќе се прошетаме со вашето куче за да се стекне меѓусебна довербата пред да се започне со програмата за дневна нега. Воедно и вие ќе се забавувате со фотографии и ведеа од вашиот миленик, кои ќе ви ги испраќаме за да добивате редовна информација за активностите на вашиот миленик и за неговата забава во паркот. Исто така можете да ни се јавите во секое време за да прашате како е вашето куче, или доколку имате некое прашање. Кога ќе го вратиме вашето милениче бидете сигурни дека ќе биде уморно, среќно и задоволно.

Вашиот миленик мора да биде регистриран во АвАв Хепи Дог Програмата за Дневна Нега за да може да бидете корисник на нашите услуги. Ве молам прочитајте ги нашите Услови и Правила за да бидете сигурни дека вашето куче е адекватно за оваа програма на дневна нега

Terms and conditions
  • All dogs must be registered with “AvAv Happy Dog” Daycare.
  • Only dogs considered to be well socialised, who enjoy the company of other dogs and people, are suitable for joining Doggie Daycare.
  • Please note that not all dogs are suitable.
  • All dogs will be interviewed along with their owners.
  • Dogs with behaviour or aggression issues will not be accepted.
  • Female dogs who come into season will not be able to attend Doggie Daycare for the duration of their season (2 – 3 weeks).
  • Written consent is required if you would like your dog to be walked off the lead.
  • Written consent is required if you consent to your dog being in a home boarding situation with other dogs.
  • All dogs accepted must have an up-to-date vaccination certificat.
  • All dogs accepted require to be wormed and de-flead regularly.
  • In the unlikely event of your dog being involved in an accident or in an emergency, Doggie Daycare will take your dog to Veterinary.
  • Puppies from under 8 weeks are not accepted – please discuss this with your vet.
  • All dogs in our care wear our collars with our I.D. tag which are supplied by Doggie Daycare.
  • Occasional dogs will be invoiced in advance – payment is due on receipt of invoice.
  • Regular dogs will be invoiced in arrears at the end of the month, payment is due on receipt of invoice.
  • If no payment is received Doggie Daycare reserve the right to refuse your dog and will contact you to inform you of this.
  • Doggie Daycare will not accept responsibility for the death, injury or illness of your dog. You are strongly advised to insure your pet for all eventualities.
  • Doggie Daycare reserves the right to refuse, or terminate the contract of any dog or owner who displays aggressive, destructive or unreasonable behaviour. АвАв Happy Dog Cancellation Policy :
  • Full refund if cancelled one week prior to boarding.
  • No refund if cancelled within one week prior to boarding.
Daycare general services

Monday to Friday “AvAv Happy Dog” Daycare

A true home-from-home experience, our daycare for dogs have exclusive use of our specially designed outdoor dog park with agility ramps, dog pool and garden, with a fun selection of doggie toys to play with if your doggie has everlasting energy! Or your doggie may choose to rest and relax in our doggie friendly facility, snoozing on a comfy doggie bed in front of our garden and coffee bar. Whether resting or playing, the choice is with your doggie.

We love to play with the dogs by throwing balls, Frisbees, sticks or whatever your dog’s desire is. “AvAv Happy Dog” guarantees a minimum of one hour of exercise, fun and socialisation, which starts when we are on the ground at our specially designed doggy park.

Your doggie will be collected in the morning and taken on a fantastic, physically challenging walk and in specially designed dog park. This is the perfect opportunity for your doggie to really stretch his legs and find fun doggie pals to race around with! Lasting friendships are developed and nurtured during this important time, out and in a doggy park. To ensure you don’t go home to a dirty doggie (or home), we clean all the mucky doggies in our care. They’re paws will be washed using our thermostatically controlled shower and towel dried after their wild play at dog pool. We then return your well exercised, tired out doggie to your home in the afternoon, ready for a well earned dog-nap.

Before we start daycare with your dog(s) we will have an obligation and cost free meeting at your home. There we will assess your dogs needs on the spot, to make sure that we put your dog in the best environment and into the most compatible group – based on its energy and temperament. If needed, we will take your dog out for a walk to become better acquainted before we start. We will be sending you pictures and video of your dog, to keep you updated on your dogs outings with us. Also please do not hesitate to call us anytime to ask how your dog is, or if you have any questions.

When dogs are returned home we make sure they are left tired, happy and content.

Your doggie must be registered to use our services. Please read our Terms and Conditions to ensure your dog is suitable.

МЕНИ
Чешлање

Прекрасните и сјајни влакна на вашето куче ќе бидат многу уредни и убави ако редовно ги негувате. Тоа подразбира редовно чешлање а вие како одговорен сопственик ќе бидете горди на здравиот и убав изгледот на вашето куче. Како што ние се чешламе секој ден, така и на вашиот најдобар другар му е потребна четкање. Колку често ќе го практикувате тоа зависи од расата на кучето односно дали се работи за кратковлакнесто или долговлакнесто куче. Во нашиот салон ќе добиете комплетна нега и совети за оддржување на неговото влакно.

Капење и средување на нокти и уши

Капењето на вашето куче претставува основна хигиенска потреба на миленикот иако кучињата не се капат често како луѓето. Во салонот на АвАВ среќниот парк за кучиња, нашиот лиценциран груминг мајстор со задоволство ќе го искапе вашето куче со најквалитетна козметика, која има благопријатно и лековито дејство на кожата. Со специјални чешли и четки влакната на кучето ќе бидат расчешлани а ако се работи за долговлакнесто пријателче со заплеткани влакна проблемот ќе биде експресно решен. Во третманот има и средување на ноктите на кучето бидејки ако не се негуваат ноктите може да сраснат и да го оштетат стопалото на кучето. Практикуваме и внимателно чистење на ушите на кучето а потоа следува фенирање и длабинско сушење на Вашето четвороножно влакнесто пријателче.

Стрижење и обликување на кучиња

Нашиот лиценциран и талентиран груминг мајстор и стилист може на вашето куче да му даде адекватен изглед. Стрижењето и обликувањето на вашиот миленик ќе биде извршено во пријатен амбиент без стресови и ќе претставува дел од процесот на средување на Вашето пријателче. Бидејки ние ја разбираме важноста на вашето куче за вас, средувањети на миленикот ќе биде извршено на високо професионален начин. Тоа го работиме со взаемно задоволство и сме расположени да ви дадеме совети и сугестии за здравјето на вашето куче. Груминг процесот трае во зависност од расата на кучето, од големината и темпераментот на Вашиот миленик. Со вештините и креативноста на нашиот груминг мајстор ќе му овозможиме на вашиот миленик да помине пријатен процес на разубавување и повторно да дојде во нашиот салон.

НАПОМЕНА: доколку вашето куче е подолго време несредено, со затуткани влакна или со паразити, правиме подолг специјален третман со дополнителна цена од вообичаената.

За сите информации и закажување јавете се на грумерот на тел. 078 458 453

пратете ни порака и закажeте