За разлика од луѓето, кои постојано се колнат и се повикуваат на природата, иако имаат се помалку и помалку контакти со неа, кучињата се целосно прилагодени на природните закони. И колку што човекот се обидува да ги оттргне кучињата од природните закони и настојува да ги прилагоди на себе, записот во гените на кучето е доволно силен што кучињата сè уште останувааѕ целосно дел од природата.
Ако ги поставиме работите на овој начин, доаѓаме до прашањето кој треба да се образува и обучува. Кучињата се доволно интелигентни за да го прифатат човекот и неговите правила. Проблемот е во тоа што човекот не е доволно паметен за да научи нешто од кучињата. Можеби звучи смешно, но вистина е: куче би имало многу нешта да го научи човекот! Не само тоа. Куче би можело да нè доближи до Мајката природа многу повеќе ако сакаме тоа да го прифатиме.
Почетна лекција
Што го прави нашето куче најмногу среќно во врска со нас? Тоа што кучето се радува и со нетрпение очекува да нè види. Ние секогаш се чудиме на неговата радост и среќа кога ќе не види, иако понекогаш поминале само неколку минути од нашата последна средба. Кучето живее во моментов, и неговото сеќавање не оди далеку наназад за да размисли што се случувало и што би се случило кога би се случило. Освен тоа, зошто да се мачи со ова кога животот е кус во секој случај?
Со ова кучето не учи дека треба да го користиме секој момент од животот поминат заедно, и затоа е нормално нашето куче да се радува секој пат кога ќе не види. Значи и кучето знае и сака да ни порача дека минатото е историја, иднината е мистерија а всушност најважно е дека животот околу нас се одвива сега во моментов.
Психофизичко здравје
Без разлика што се случило претходниот ден, со секое будење вашето куче е подготвено да ужива и да го искористи денот што претстои. И ние треба да ја научиме неговата лекција. Тоа ни покажува дека треба да излеземе да се прошетаме заедно, застанува пред врата и не гледа во очи како да ни кажува: ајде што чекаш уште.
Ако имаме куче со добро воспоставени рутини не ни треба часовник. Нашиот миленик- кучето не учи дека и покрај напорниот работен ден кога со отворени очи сонуваме да си легнеме и да се одмориме во кревет, треба да излеземе на воздух, во природа и да прошетаме со него бидејки тоа е поздраво за нас. Така психофизичкото здравјето и општата кондиција ќе ни се подобрат.
И будењето и станувањето наутро од кревет треба да го прифатиме од кучето. Тоа полека се буди, станува се протегнува и разгледува наоколу, а ние буквално наутро рипаме од кревет и почнуваме нездрава трка со времето додека се подготвуваме за на работа. Обидете се да го имитирате вашиот миленик бидејки така ќе добиете спокојство, и помирен почеток на денот.
Она што е фасцинантно кај кучињата е детската радост што ја покажуваат и уживаат, без разлика колку години имаат. Ние, со текот на годините, за жал, целосно го губиме тоа чувство а со тоа си го убиваме авантуристичкиот дух што некогаш го имавме во нас. Гледајки го однесувањето на нашите миленици ние можеме да ја научиме и оваа лекција и да се вратиме кон природната радост и среќа во текот на живеењето. Во спротивно тоа ни го скратува и ни го комплицира животот. Кучињата имаат доблест сите нервози и фрустрации да ги решаваат сега во моментот, но ако не успеат тие ги избегнуваат местата и состојбите кои ги тревожат и ги вознемируваат. Ова е добра лекција и за нас.
Верност
Верноста на кучињата доаѓа до израз особено кога не ни е се по волја. Дарежливоста и трпеливоста кои ни ги покажуваат, лекуваат сè. Се чини дека кучињата знаат кога треба само да дишат длабоко и да легнат покрај нас, трпеливо, додека ние сме буквално пред емоционална експлозија, напнати сме и вриеме од нервоза. Допирот на топлата кучешка кожа и крзно за час ја брише нервозата.
Зарем не би било убаво ако можеме да оствариме сличен контакт едни со други? Потребен е само еден допир, за да се смириме. И ова е една од безбројните лекции на нашите миленици кои треба да ги научиме за да живееме во мир и спокојство и да си помогнеме за да се ослободиме од секојдневниот стрес.
Милениците, според научната јавност имаат непроценлива важност за менталното здравје на човек кој има проблеми со анкциозност, депресија и стрес. Клучот за позитивните терапевтски ефекти за менталното здравје на луѓето е токму во меѓусебниот однос со животните. Тие се лек за нашата душа. Прочитајте повеќе тука.