Куче и маче можат во хармонија да живеат под ист покрив

Непријателството меѓу овие два вида животни е еден од најстарите стереотипи во светот. Изреката “тие се сакаат како куче и мачка” постоела со векови и секако не се појавила без причина

Се сакаат како куче и мачка, е изрека која најчесто се користи кога сакаме да опишеме некоја екстремно нетолерантна меѓучовечка врска. Сепак, дали кучињата и мачките не се поднесуваат толку многу?

Непријателството меѓу овие два вида животни е еден од најстарите стереотипи во светот. Изреката “тие се сакаат како куче и мачка” постоела со векови и секако не се појавила без причина. Но кучињата и мачките во заедница можат да бидат најдобри пријатели и можат да живеат заедно. Сепак, за почеток, тие треба да се запознаат и да им помогнеме да се навикнат еден на друг.

Има луѓе кои ги сакаат само мачките, а од друга страна има и такви кои ги сакаат само кучињата.Но има и такви луѓе кои подеднакво ги сакаат и кучињата и мачките и се прашуваат дали нивното куче ќе прифати ново милениче или ќе остане агресивно и непријателски настроено кон него. Дали во исто време дома може да чуваат и куче и маче како миленици.

Од друга страна, секогаш постои страв дека мачката нема да го толерира кучето кое ќе дојде во ново семејство. Добро е што честопати е и повеќе од успешно да се интегрира ново милениче во семејство во кое живее куче.

Еве неколку совети како да се обидете без проблем тоа и да го направите.

  1. Проценете дали вашето куче е дружељубиво

Се случува некои од расните на кучиња но и од мешанчињата далеку подобро да прифаќаат присуство на мачка од другите. Ако вашето куче припаѓа на овој тип, многу е поверојатно дека тоа ќе толерира друго домашно милениче од друг вид без проблем.

Такви се кучињата од расата златни ретривери, мопс и малтезери. Од друга страна, постојат такви раси кои едноставно не можат да го издржат присуството на мачка. Такви се Хаски, Булмастиф и голем англиски хрт. Значи треба да се знае дека ако се обидеме да комбинираме за дружба ловечко куче и мачка би можело да заврши, благо речено, катастрофално.

Сето ова може, но не мора да значи дека вашето куче ќе ја прифати (или нема) мачката во вашиот дом. Индивидуалните фактори, исто така, играат огромна улога, кога се работи за темпераментно куче.

Пред да одлучите да земете мачка, проверете како вашето куче се однесува во нивна близина. Ако неговото однесување е агресивно, тоа е повеќе од сигурен знак дека нема да прифати мачка како ново домашно милениче. И обратно.

Ако мачката се однесува агресивно во присуство на куче, тоа исто така може да значи дека нема да се вклопат и да живеат заедно под ист покрив.

  1. Постепено запознавање

Потребно е животните да ги запознавате постепено, на начин кој нема да го загрози ниту едно од нив. Не можете едноставно да ги ставите во иста просторија и да очекувате да се запознаат самите и да почнат да се дружат. Обидете се да го направите ова со ставање храна за мачка и вода во една просторија а на друго место тоа да го направите и за кучето.

Чувајте ги секое на своја страна за да не почувствуваат ривалство околу храната па така полесно и позитивно, без стрес ќе го почувствуваат туѓото присуство и мирис. По некое време, постепено отворајте ја вратата така што животните можат да се видат додека јадат.

Кога ќе сфатите дека и двете животни се чувствуваат удобно, можете да ги отворите вратите со цел животните да го остварат нивниот прв контакт.

  1. Првиот контакт мора да биде под строг надзор

Никогаш не заборавајте дека кучето може и несакајќи во игра да ја повреди мачката. Затоа на кучето ставете му поводник и двете животни ставете ги едно спроти друго на двата краја на просторијата. Притоа од време на време наградете ги милениците со вкусни тритови.

Ова не го правете сами туку со некој член од семејството. Првата средбата нека трае покусо за да не се вознемират милениците. Запомнете дека е многу подобро да имате неколку пократки први средби, бидејќи подолгите средби носат поголема веројатност едно од животните да стане агресивно или исплашено.

  1. Пуштете ги мачката и кучето да истражуваат

Откако мачката ќе запознава во една од собите дома, време е постепено да ги открие и другите. Ќе видите дека мачката се однесува релаксирано и дека повеќе не е исплашена како што беше на почетокот.

Истражувањето на другите простории ќе и помогне да се навикне на мирисот на кучето.Првиот пат кога ја оставате мачката во друга простории, затворете го кучето во собата од која мачката излезе, така што и кучето ќе се навикне на нејзиниот мирис.

Не го казнувајте кучето ако не се однесува кон мачката како што вие очекувате. Имајте трпение кон двата миленика. Ако сте упорни и смирени тогаш и кучето и мачето со време ќе прифатат да живеат под ист покрив, во хармонија.

Социјализација

Кучињата и мачињата кога се малечки проаѓаат низ период на социјализација. Тогаш се развиваат и учат не само како да се однесуваат кон луѓето, туку и кон сопствениот вид како и кон другите видови животни. Во случај кога дома ќе се грижите за маче и куче кои растат заедно тогаш милениците побрзо и полесно ќе прифатат заеднички живот и ќе се дружат.

Ако мачето расте покрај мирно и питомо кученце , ако тие се блиску еден до друг, без непријатни последици, во текот на чувствителниот период (4-8 недели за маче, 5-12 недели за куче), тие како возрасни нема да се плашат од друг вид животни и нема да се напаѓаат меѓусебе.

Имаш прашање, критика или сугестија? Кликни на копчето и вклучи се во дискусијата на нашата ФБ страна!