И МИЛЕНИЦИТЕ СЕ МЕТЕРЕОПАТИ КАКО И ЛУЃЕТО?!

И кучињата ги болат коските на променливо време

Наглото заладување, или порастот на надворешната температурата како и ненадејно невреме и голема влага во воздухот не е само проблем за луѓето, туку и за кучињата. И кучињата метеопати реагираат на променливо време, но на посебен начин.

Како и сите живи суштества, кучињата исто така реагираат на нагла промена на временските услови. Колку е поголема температурната промена, реакцијата на кучето е поинтензивна. Исто како и луѓето, кучињата покажуваат дека ненадејните климатски промени не им се пријатни.

Кога почнува невреме во топол пролетен или летен ден, вашето домашно милениче ќе ви покаже јасно дека оваа ненадејна промена доведува до промена во неговото расположение и однесување. Младите кученца, како и постарите и болни кучиња, но и кучиња кои се под терапија, на променливо време дури и повеќе реагираат.

Метереопатски проблеми кај кучињата

Ако надворешната температура нагло се спушти кучето метеопат, почнува да се тресе како да му е екстремно ладнота. Со забрзано дишење и често мокрење реагираат кога надворешната температурата нагло ќе се зголеми. Бидете сигурни дека чувствуваат и болки во коските и телото или на места каде претходно биле повредени или пак оперирани.

На надворешните нагли температурни разлики или климатски промени тие можат да бидат поспани, неволни, нерасположени, имаат забавени реакции на надворешни дразби. Не се расположени или воопшто не сакаат да се прошетаат. А и кога сопственикот ќе инсистира да шетаат, кучињата се бавни и честопати застануваат да се одморат.

Кога се дома лежат и не покажуваат интерес за вообичаените игри или за нивните омилени играчки. Некои миленичиња дури и се засолнуваат под маса или под стол или пак одат на помирно место во станот бидејки не сакаат никој да ги вознемирува. Некои кучиња метеопати кои се поосетливи на ваквите промени губат и апетит.

Како да им помогниме на нашите миленици?

Прво што треба да направат сопствениците на миленици метеопати, кои имаат проблеми кога нагло се менуваат надворешните временски услови, мораат дома да најдат мирно, тивко проветрено место и да го сместат кучето. Место кое ќе биде само на кучето. Потоа да му обезбедат здрава и полесна храна и свежа вода, да му обрнат внимание и да му дадат многу љубов на миленикот.

Во ладни денови, порциите со храна треба да бидат пообилни, а кога надворешната температура нагло ќе се покачи, треба да се посвети поголемо внимание на квалитетот на храната, отколку на количината. Со храната е потребна свежа вода, секогаш достапна на кучето. Во сад, свежа вода треба да се става на секои неколку часа.

Во текот на летниот период, сопствениците нивните миленици не смеат да ги шетаат од 10 до 17 часот.

Ако сопственикот но и кучето решат да прошетаат и кога надвор е врнежливо, студеникаво и влажно, задолжително треба да го заштитите од дождот. Ставете му кабаница за кучето. Посебно треба да ги заштитите младите, старите и болните како и кучињата рековалесценти.

Исто така по прошетката, шепите на кучето треба да ги измиете и да ги исушите за да не заболат од дерматоза или од други болести. Должината на прошетката треба да се прилагоди на временските услови и желбата на миленикот.

Превенција за милениците – метереопати

Кога има ненадејна промена на температурата, на кучето треба да му дадеме превентивна терапија во форма на витамини, минерали и биогени елементи кои им го штитат организмот од негативните ефекти од променливите временски услови.

Особено внимание треба да се обрне на изгледот на крзното на миленикот, да биде чисто, сјајно, добро исчеткано и да се внимава какво крзно има во зависност од годишното време. Сопствениците на кучиња треба редовно да се консултираат со ветеринар и редовно да го негуваат својот миленик кај специјализиран грумер.

Исто така спроведување на редовна имунопрофилакса, односно вакцинација на миленикот значително придонесуваат за полесно приспособување на кучето на наглите климатски промени.

 

 

Имаш прашање, критика или сугестија? Кликни на копчето и вклучи се во дискусијата на нашата ФБ страна!