Agility & Helpers Seminar – Семинар за агилност на кучиња и маркери

Организиран од АвАв Хепи Дог во соработка со Кинолошки Сојуз на Македонија

На 7-ми АПРИЛ, неделата во АВАВ ПАРКОТ, за прв пат во Македонија се одржа семинар за агилност на кучиња и маркери!

Семинарот и тренинзите беа бесплатни за сите посетители и за нивните миленици!

Поминавме еден незаборавен ден полн со размавтани опавчиња и среќни кучиња кои скока и лазеа, трчаа и се тркаа со други кучиња во текот на еднодневниот семинар. Сопствениците имаа прилика да се запознаат со еминентни тренери за агилност и маркери и да испробаат многу нови трикчиња за агилност и забава за нивните миленици, со кои се развива нивната интелегенција. Поминавме ден исполнет со многу едукација, теорија, техники и директен тренинг и забава за нас и нашите крзнени пријателчиња. 

Светски познатиот тренер на кучиња со меѓународно реноме Davide Codebue од Италија, работеше на техниките и вежбите за маркери, додека Chrysoula Chasapi од Грција  и Adele Paris од Франција, на агилност!

Дејвид е повеќепати светски и европски шампион кој е познат професионалец, полн со знаење, иновативни идеи и уникатен пристап на тренинзи.

David Codebue is:

7 x FCI World Winner

3 x FCI European Winner

5 x FCI International Champion

1 x FMBB World Winner

3 x IDC World Winner

15 x Campione Italiano Enci

12 x Club Champion

 

Наскоро се гледаме со нови содржини на обуки и семинари во нашиот и ваш Парк за Кучиња АвАв Хепи Дог.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Имаш прашање, критика или сугестија? Кликни на копчето и вклучи се во дискусијата на нашата ФБ страна!