1ТВ: Од љубов кон кучињата до иновативен бизнис – тема во Студио 1

Почнавме од идејата дека секое куче може да има среќен и долговечен дом. „Кучето е за цел живот“ е мотото по кое се водиме и со коешто почнавме да ја реализираме идејата и да го живееме сонот, да помогнеме за решавање на проблемот со бездомните кучиња. Сакаме да создадеме модел којшто ќе се применува според светски и европски стандарди, со хуман третман, дресура и нега на кучињата коишто би ги згрижиле привремено и би ги подготвиле за вдомување, вели сопственичката Наде Богоевска.

Како што објаснува, преку брошури и програми за одговорно сопствеништво, за децата како идни сопственици и за заштита на кучиња на улица ги едуцираат сопствениците кои доаѓаат во посета на бесплатниот парк и користат дел од содржините. Михаела, која е главниот архитект на пет центарот, вели дека целиот е направен од рециклирани материјали.

-Сите материјали кои ги користевме за изработка на целиот центар се рециклирани. Имаше многу корпоративно одговорни компании кои ни помогнаа. Објектите што ги користиме, груминг центарот, кујната, канцеларијата и петшопот кој го планираме во иднина се контејнери. Буквално сами ги изработувавме, вели Михаела Поповиќ.

Целиот разговор погледнете го во видеото.

Имаш прашање, критика или сугестија? Кликни на копчето и вклучи се во дискусијата на нашата ФБ страна!