Што ги нервира кучињата а ние упорно го правиме!

Постојат многу начини да ги изнервирате кучињата а веројатно не сте свесни за тоа. Ако сакате да бидете најдобар пријател на вешето куче треба да внимавате на однесувањето, да ги поправете вашите здодевни навики и да не го повторувате упорно тоа што не го сакаат.

И кучињата се обидуваат да ни бидат најдобри пријатели, но ние понекогаш им отежнуваме. Еве некои од работите што ги правиме а кои дирекно влијаат на нашиот меѓусебен однос, дали нашето куче ќе ви остане најдобриот пријател или целосно ќе ја прекине вреската со нас.

Користиме зборови место говор на тело

Ние сме гласни и зборлести и сакаме да разговараме, дури и со нашите миленичиња, кои не можат да разберат се што им кажуваме. Кучињата можат да разберат само неколку клучни зборови – одење и шетање, награда, играчки, не, стоп, да, ајде, браво, доволно. Можат дури и да научат стотици зборови како што научиле некои овчарски кучиња, но, тие не можат да го разберат во потполност човечкиот јазик.

Она на што тие се потпираат и се трудат да разберат што мислиме е нашиот говор на телото. Кучињата се развиле во професионални читачи на говорот на човековото тело и можат да разберат што мислиме и чувствуваме пред и ние да разбереме што всушност мислиме и чувствуваме. Ние понекогаш умееме да ги збиниме кучињата со зборови од една страна и со нашиот говор на телото. Затоа внимавајте што зборувате и правите пред вашиот миленик за тој да може правилно да ве разбере. Избегнувајте ги долгите реченици или брз говор и практикувајте го говорот на телото со кратки команди.

 

Гушкање на кучето

Иако можеби сакате да го гушкате вашиот миленик , повеќето кучиња мразат прегратки. Ние како луѓе мислиме дека нашите прегратки се убави и дека преку нашата прегратка изразуваме поддршка, љубов, радост и други емоции. Сосема е нормално за нас со раце да прегрнуваме и по малку да стискаме и тоа е во ред за нас. Но, кучињата не се разбираат на овој начин.

Кучињата немаат раце и не се гушкаат. Наместо тоа ако кучето ги става предните нозе или шепи на грбот на друго куче, ова се смета за чин на доминација. Без оглед на вашите добри намери, кучето кога го гушкате, а особено одозгора му давате сигнал дека сакате да доминирате над него.

Многу кучиња љубезно ќе го толерираат тоа, но исто така многу кучиња ќе се чувствуваат загрозени, исплашени или само ќе го мразат чувствата. Се случува и кога кучето ќе го повлечеме и наеднаш ќе го прегрнеме да биде причина за каснување.

Посебно внимавајте децата да не им приогаат над нив и да ги гушкаат кучињата кога се сами без присуство на возрасен. Ако кучето ја толерира прегратката на еден член на семејството тоа не значи дека ќе толерира прегратка од друг. Ако кучето е напнато, ако ја трга главата од вас, и избегнува контакт со очите, устата му е затворена, ушите ги повлекува наназад, тоа се знаци дека на кучето не му е удобно и не сака да го гушкате.

Затоа внимавајте кога сакате да си го гушнете кучето бидејки лицето го ставате во близина на остри заби на вашиот миленик. Почитувајте ги неговите желби за да бидете безбедни, вие и членовите на вашето семејство.

Кучето што само сака да покажи блискост, тоа само доага накај вас, може да ви ги стави предните шепи на вашите рамена и да ја постави главата на нив, во тој случај можете благо да го погалите за грбот без да го стискате силно, за да не покажете агресија или доминација.

Галење на куче по лицето и тапкање по глава

Сакате ли да ве мазнат или тапкаат по глава? Веројатно не. Кога некој ќе посегне и ќе ве потапка по главата, без разлика дали тоа го прави од љубов не ви е пријатно и не уживате. Ние всушност не сакаме рацете на непознати луѓе да ни бидат блиску до нашето лице, па инстинктивно се тргаме наназад со доза на напнатост бидејки ни е згрозен просторот и интегритетот.

Сепак, повеќето луѓе мислат дека кучињата сакаат да ги допрат и да ги тапкаат по глава. Многу кучиња ќе го издржат тоа од познат човек но треба да знаете дека кучиња не уживаат во тоа.

Можете да забележите и дека вашиот домашен миленик прави чекор наназад и ја трга главата кога сакате да го допрете по лицето. Тоа можеби и ќе ви го дозволи тоа бидејки вие сте шеф, но не му се допаѓа тоа. Тоа е личен простор, како што е и за нас. Тоа е причината зошто одговорните родители и сопственици на кучиња ги учат своите деца, нежно да го погалат кучето по грбот, но не и да го тапкаат и удираат и да не го гибаат на лицето. Ако навистина сакате да наградите куче, немојте да го тапкате по глава.

Поводникот го држите затегнат?

Исто како што кучињата го читаат говорот на вашето тело, така го проценуваат и нивото на нашата нервоза и напнатост преку поводникот. Со тоа му ги зголемувате стресот и фрустрациите на кучето а тоа се случува и со вас. Затоа мислите дека вашето куче ве влечи а всушност тоа е обратно, вие го влечете кучето.

Треба да научите дека одењето и шетањето треба да биде релаксирачко и за кучето но и за вас. Преку поводникот, верувале или не се разменува енергија меѓу кучето и сопственикот. Затоа попуштете го поводникот и кучето да може да ја мириса и да ја истражува околината релаксирано.

Многу е важно да го вежбате вашиот миленик уште во првите месеци од неговиот живот како правилно да оди покрај вас без затегнат поводник и да ги слуша вашите команди.

Не се мајтапете со куче

Треба да знаете дека тоа не е смешно. Не лаете на куче додека одите на улица и го сретнете. Не мафтајте со раце и со предмети и не се обидувајте да му зборувате на куче кое лае па макар било тоа и зад затворен прозорец или врата. Не влечите куче за опашка. Списокот е голем што ги нервира кучињата, но накратко, не прави нешто што мислите дека е смешно а му е непријатно на кучето. Кучето не е играчка или кловн за неприродно развеселување на луѓето, бидејки може да добиете некои нови лузни во вид на кучешки заби.

За да недојде до тоа кученцето се дресира од првиот ден, а најважно е да бидете доследен водич и одговорен сопственик. Повеќе совети за здраво и среќно куче од  Цезар Милан прочитајте тука.

 

 

 

 

 

Имаш прашање, критика или сугестија? Кликни на копчето и вклучи се во дискусијата на нашата ФБ страна!