Црнобело: Идеја и реализација пред која симнуваме капа

Кога има убави приказни во нашата земја, некако ни е топло на срцето, а приказната за АвАв Хепи Дог центарот е токму таква. Две млади полетни девојки, кои се вистински вљубенички во кучињата, покажуваат дека соништата се остваруваат и дека можете во животот да го работите тоа што го сакате.

АвАв Хепи Дог е првиот забавен парк за кучиња, лоциран на 5 километри од центарот на Скопје, пред влезот во населбата Бардовци. Сопственички на пет центарот се Михаела Поповиќ и Наде Богоевска, кои отсекогаш сонувале да основаат сопствен бизнис поврзан со кучиња.

Дог паркот е замислен како центар во кој може да се најде „сè на едно место“, односно сè она што е потребно од производи или услуги за нашите миленици.

АвАв Хепи Дог e формиран како социјално претпријатие од двете млади претприемачки и започна со работа при крајот на јуни 2018 година.

Интервјуто за Црнобело може да го прочитате со клик на оваа врска

Имаш прашање, критика или сугестија? Кликни на копчето и вклучи се во дискусијата на нашата ФБ страна!