ТЕХНИКИ И СОВЕТИ ЗА СОЦИЈАЛИЗАЦИЈА НА КУЧИЊА

Кога ги социјализирате вашите кучиња многу е битно да се направо проценка на карактерот и големината на кучињата. Се поставуваат параметри кои кучиња се повеќе или помалку игриви, кои сакаат да си играат погрубо или поспокојно.

Социјализацијата ги учи нашите кучиња да бидат релаксирани и полни со самодоверба во нивната околина, на улица, во сообраќајот, во кафуле, во продавница, со објектите, луѓето и други кучиња.

Големината и карактерот е битен

Во АВАВ хепидог дневниот престој и хотелот се врши проценка кои кучиња можат меѓу себе да си играат. Се одредува кои кучиња и според големината и карактерот се согласуваат многу повеќе.

Никогаш не им дозовлуваме на поголемите кучиња да си играат со помалите или повозрасни кучиња зошто лесно можат да се повредат или да доживеат стрес. Но има и исклучоци кога се работи за слични карактери. Сепак нивната игра и дружба е под голем надзор.

Малите кученца се потолерантни, лесно се потчинуваат и сакаат да се борат и така да играат. Затоа некои поголеми кучиња сакаат да си играат со нив. Ако планирате да земете второ куче, осигурете се дека тоа ќе биде добар партнер за игра со вашето прво куче.

Човечкиот фактор е важен

Додека го социјализираме вашето темпераментно куче, на почетокот и вие треба да бидете во тек со процедурите бидејки мора да се справите и со другите сопственици на кучиња. На многу луѓе им е незгодно кога ќе го видат грубиот стил на игра на својот миленик.

За време на играта, кучето може да се покаже бестрашно, покажува многу заби, ржи и завива. Најдобро е да го држите вашето куче подалеку од плашливи луѓе и нивните миленици зошто честопати проектираат лоша енергија и тоа може да активира екстремно однесување кај другите кучиња, а веројатно и кај вашето.

Нашиот тим на АВАВ хепи дог центарот постепено и со внимание ги спроведува процедурите, го набљудува однесувањето на кучињата и нема да го замеша вашето кротко куче со многу темпераментни па и агресивни кучиња. Тоа е од причина што вашето куче може да се стекне со лоши навики, вклучувајки агресија од страв и да почне да лае кон непознати луѓе и други кучиња.

Поради тоа во АвАв паркот има повеќе одделни содржини и оградени делови со посебни огради, во кои полека се социјализираат и се дружат група на кучиња со слична големина и карактер.

Исто како што Вие набљудувате со кои другарчиња се дружи и игра вашето дете, и тимот на АВАВ хепи дог центарот ги следи другарите за игра на вашето куче, и прави проценка кои кучиња можат да се дружат меѓусебе и да бидат релаксирани и задоволни.

Некои кучиња се многу осетлива на емоциите на нивниот сопственик и на луѓето околу него. Лесно се плашат и се фрустрираат, а поради тоа кај нив се јавува гнев или возбуда па дополнително стануваат многу агресивни.

Додека се шетате и се среќавате со други кучиња, останете смирени и не пренесувајте дополнителна тензија на поводникот.

Личен простор

Кучињата понекогаш не сакаат други кучиња во нивна близина, на нивниот простор. Ако вашето куче ја има оваа карактеристика, вие мора да го заштитите од непознати кучиња. Кажете им на другите сопственици да не доаѓаат премногу блиску зошто вашето куче се плаши од непознати кучиња.

Запознавање

Запознавањето треба да го направите смирено со внимание и трпение а не насила. Секогаш држете го под надзор кога е со други кучиња, и не им дозволувајте да бидат насилни или да им скокаат.

Застанете физички меѓу вашето куче и непознатото куче, за играта и контактот да не излезат од контрола. Затоа е многу битно вашето милениче да помине стручна обука за социјализација.

Стерилизација

Стерилизацијата може да помогне при социјализација на вашиот миленик со други кучиња. Нестерилизрани мажјаци сакаат да се истакнат повеќе во присуство на други кучиња. Ова води кон доминација, што ескалира во кучешка агресија.

Женките кога се во циклус секогаш треба да се одвоени од мажјаците, зошто ова предизвикува натпревар меѓу мажјаците и прераснува во борба меѓу кучињата. Некои сопственици се плашат да ги стерилизираат нивните кучиња зошто мислат дека тоа ќе направи промена во карактерот на нивното куче.

Според научната јавност во САД, карактерот на кучињата е оформен од генетика и од околината, не од сексуалните хормони. Но ова е исклучиво индивидуална одлука на сопствениците на миленици со високо развиена свест и одговорно сопствеништво во цивилизираните средини.

Стандардните испробани методи и техники за социјализација на кучиња во светот, успешно се применуваат и во АВАВ хепи дог центарот. За социјализацијата во градинката на АвАв прочитајте повеќе тука.

Имаш прашање, критика или сугестија? Кликни на копчето и вклучи се во дискусијата на нашата ФБ страна!