Социјализација на кучиња во АВАВ центарот

Секое куче е уникатно во потребите, навиките и рутините, и се разбира, имаат свои оригинални идеи како другите кучиња треба да се однесуваат пред нивното кралско присуство.

Повеќето кучиња главно знаат што сакаат или не сакаат и не се срамежливи при искажување на емоциите. Но има и кучиња кои се пребирливи за храна, имаат специфични реакции на допир, како играат со сопствениците и тренерите и дали сакаат да играат и да се дружат со други кучиња.

Хотел и дневен престој или градинка

Во дневниот престој, во градинката и хотелот на АВАВ хепи дог центарот овие детали се приоритет, односно секое куче се третира посебно според неговите потреби но и со голема посветеност за негова социјализација. Стандардните испробани методи и техники за социјализација на кучиња во светот, успешно се применуваат и во АВАВ хепи дог центарот.

Прво и основно правило е кучето да биде задоволно, релаксирано, изиграно со други кучиња со кои сака да си игра, без стрес, навреме нахрането, секогаш да има свежа вода и мирно и чисто место за одмор и спиење. Секое куче си има свое удобно креветче и оградено место само за него.

Неговата омилена играчка е секогаш до него. Притоа цело време кучињата се под надзор на стручни лица кои се грижат за нивната безбедност, посебно кога си играат во групи со други кучиња, за да се избегнат несакани ситуации.

Несоцијализирани кучиња

Посебно внимание се обрнува нa кучиња кои не се социјализирани и поради разни стравови кои ги имаат стекнато. Тоа се кучиња кои се помалку или повеќе агресивни и имаат вишок на енергија, опашката им е свиткана, ушите спуштени, постојано лаат, ржат и имаат нагли движења.

Со тие кучиња тимот на АВАВ хепи дог центарот посебно работи, на место во паркот наменет за поголема активност и агилност за да ги смири, да стекнат доверба во други луѓе и кучиња, и да им ги отстрани стравовите и фрустрациите. Со специјалните вежби овие кучиња стануваат помалку агресивни а каи повеќето агресијата потполно исчезнува .

На поводник или не?

Кучињата понекогаш имаат различно однесување кога среќаваат кучиња со поводник или без поводник. Поводникот некогаш создава страв зошто кучето неможе да избега или фрустрација поради пречка слободно да дојде до друго куче. Како резултат на тоа кучето може да покаже и агресија додека е на поводник.

Во било кој случај, корисно е да го научите вашиот миленик на учтиви запознавања без разлика дали е на поводник или не. Ако вашето куче е агресивно само на поводник, тогаш бидете трпеливи и поминете повеќе време заедно, па наградете го за добро однесување и прошетајте го без поводник.

Доколку сте несигурни да го направите тоа, почнете постепено да го приближувате до други кучиња со дистанца за да се навикне. Можете и да употребете маска но тоа може да го предизвика истиот страв или фрустрација поради бариера како поводникот. Многу кучиња не сакаат маски и секогаш кога ќе им ставите маска тие се смируваат.

Уште една можна ситуација е ако кучињата ги запознавате преку ограда но и тоа може да предизвика фрустрација поради бариера. Сепак запознавање од дистанца е најдобрата метода за да се спријателат две кучиња.
Опции за социјализирање куче со куче

  1. Групи за социјализација и игра

Вакви групи се организирани во градинката на АВАВ хепи дог центарот. Предноста на овие групи на кучиња, споредено со затворен кучешки парк, е дека овие сесии се надгледувани. Исто така одговорните сопственици се однесуваат според правилата на однесување во јавен простор, сопствениците се многу совесни, расчистуваат после нивните кучиња и се уверуваат дека нивното куче се однесува како што треба. Кучињата во овие групи се многу релаксирани бидејки се многу повеќе социјализирани од просечното куче од соседството.

  1. Дневна градинка за кучиња

Во дневната градинка, на АВАВ хепи дог центарот кучињата може да уживаат и да играат во друштвото на други кучиња и луѓе, цел ден, во прекрасно зеленило, на трева, рампи за агилност и вежби на чист воздух покрај базен специјално направен за нив.

Ова им помага да се социјализираат и подготват за ситуации во кои запознаваат нови луѓе и кучиња. Бидете сигурни дека игралните се добро надгледувани, безбедни и чисти а вашиот миленик ќе ужива и ќе сака повторно да дојде со радост кај нас.

  1. Групни шетања на кучиња

Ваквата активност е добар начин како да го соцјализирате вашиот миленик. Ваквите прошетки се прават со максимум 6 кучиња и е дел од програмата на авав хепи дог центарот.

Прошетките се добро надгледувани и спроведувани од стручни и обучени лица, во природа и мирен амбиент без несакани гласни звуци, надвор од урбана средина. Вака кучето се навикнува да оди на поводник и да не биде нервозно и во стрес ако е во друштво со други кучиња.

Ова е добар тренинг за вашето милениче за да се чувствува опуштено во група со други кучиња.

Најбитното при социјализација на куче е да запомнете дека никогаш не смеете да го форсирате вашето милениче да биде екстра социјално доколку тоа не се чувствува удобно во таква ситуација.

Ти не си ми газда!

Некои кучиња, независно од големината се бунтовници и не сакаат да имаат газда, човек или куче во близина. Овие кучиња понекогаш можат да следат одредени барања од нивните сопатници само кога ќе добијат десертен трит. Кога станува збор за други кучиња, обично не се согласуваат со доминантни личности – вклучувајки и кучиња, алфа мажјаци или женки.

  • Не се потчинуваат и не се предаваат дури и на поголемо куче.
  • Си играат грубо и се борат со други кучиња ако им се дозволи.

Заради тоа, нивната социјализација може да биде проблематична, но е можна и успешна со помош на разни техники и голема посветеност и трпеливост на членовите на АВАВ хепи дог тимот.

Социјализација кај кучиња опфаќа многу повеќе од дружење куче со куче. Социјализацијата ги учи нашите кучиња да бидат релаксирани и полни со самодоверба во нивната околина, на улица, во сообраќајот, во кафуле, во продавница, со објектите, луѓето и други кучиња.

(продолжува)

Во следниот текст, во сабота ќе прочитате повеќе за ТЕХНИКИ И СОВЕТИ ЗА СОЦИЈАЛИЗАЦИЈА НА КУЧИЊА

Дали навистина треба да ги социјализираме нашите кучиња и зошто? Прочитајте повеќе тука.

Имаш прашање, критика или сугестија? Кликни на копчето и вклучи се во дискусијата на нашата ФБ страна!