Сонцето во лето е многу опасно за кучињата!

Тропските температури во лето се многу поопасни за кучињата и за мачките отколку за луѓето, бидејки милениците немаат систем за ладење на организмот и телото, па многу е важно да им пружиме прва помош при топлотен удар сончаница, бидејки тоа е пресудно дали ќе преживеат без последици. Потоа најбрзо однесете ги на ветеринар

Топлотен удар или сончаница

Кучињата лесно можат да го почувствуваат топлотниот шок ако ги изложуваме на сонце во лето во најтоплите временски интервали во денот. Тое можат да настрадаат од топлотен удар а некои раси можат да добијат и изгореници.

Тропските жештини за време на лето, кучињата ги чувствуваат уште потешко од луѓето. Кучињата лесно можат да добијат топлотен удар кој може да има фатални последици. Затоа, најважно е да им се обезбеди доволно вода и да се избегнуваат прошетки за време на најтоплиот дел од денот.

Советите на кои луѓето треба да се придржуваат за време на летото кое е на прагот, важат и за миленичињата. Избегнувајте да останете на сонце од 11 до 17 часа и да земате многу течности. Животните никогаш не смеете да ги оставате затворени во автомобил.

Дури и десеттина минути во автомобил на сонце може да биде многу опасно, дури и смртоносно. Сончаницата и топлотниот удар се многу поопасни за нашите миленичиња отколку за нас, и лесно може да се случи да предизвикаат смрт.

Кучињата и мачките едвај толерираат високи температури во лето за разлика од егзотичните миленичиња како што се големите папагали и влекачите, кои се чувствуваат многу поудобно во текот на летото. Кучињата и мачките не се потат, но вишокот на топлина го регулираат со забрзано дишење и изваден јазик надвор од устата. Притоа лесно се случува да дехидрираат и да добијат топлотен удар.

Заштита од сонце

Затоа, пред да одите на прошетка, на кучето треба да му дадете да се напие свежа вода и да го испрскате по телото со вода. Домашните миленици може да се тушираат секој ден, но не треба да се користи шампон или сапун.

И покрај фактот дека нивното тело е покриено со густи влакна и крзно и животните, како луѓето, може да добијат изгореници од летното сонце. Ова пред сè, се однесува на кратковлакнестите бели кучиња без оглед од која раса се. Потемните кучиња имаат повеќе меланин, поради што се многу подобро заштитени.

Разладување во базенот на АвАв Хепи Дог!

Лосионите за сончање не можат да ги заштитат кучињата затоа што се задржуваат на влакната и не им ја штитат кожата , па затоа единствен спас е директно да не ги изложувате на сонце.

ПРВА ПОМОШ

Првите знаци на сончаница кај куче се тресење, висока телесна температура која може да биде повисока и од 42 степени , грчеви во мускулите, забрзано и плитко дишење, тетеравење кога одат и млитавост на телото. Овие симптоми се резултат на ненадеен пад на крвниот притисок и оштетување на централниот нервен систем. Топлотниот шок може да биде многу опасен за кучињата и потребна е брза реакција.

Прво кучето треба да се однесе под сенка во ладовина, да го легнете на страна, да му го извадите јазикот надвор од устата и да му го полевате телото со вода или да му ставите водени облоги. За цело време треба да му ја проверувате телесната температура и да го разладувате кучето се додека температурата не се спушти на 39,5 степени. По укажаната прва помош, треба што е можно побрзо од го однесете на ветеринар.

Наглото заладување, или порастот на надворешната температурата како и ненадејно невреме и голема влага во воздухот не е само проблем за луѓето, туку и за кучињата. И кучињата метереопати реагираат на променливо време, но на посебен начин. Прочитајте повеќе тука.

 

Имаш прашање, критика или сугестија? Кликни на копчето и вклучи се во дискусијата на нашата ФБ страна!