Совети како да ги заштитите милениците кои живеат во двор од студ и снег

Како да обезбедиме потопла зима за куче во двор?

Голем број кучиња кај нас живеат надвор, во дворовите на куќите иако се третирани како домашни миленици. Во зима, треба да посветиме поголемо внимание на овие кучиња. Расите на кучиња со подолги и погусти влакна подобро ја поднесуваат зимата и ниските температури но сепак им е потребно внимамие и грижа. Многу е важно кучето да не е водено за да ја сочува топлината. На кучињата со пократки влакна им е потребно поголемо внимание. Младите и постарите кучиња се многу чувствителни на студ. Што можете да направите за да го заштитите вашето милениче кое живее надвор во дворот на вашиот дом или пред зграда.

Куќичка за куче

Ако не сте во можност да го примите вашето куче дома, во гаража, или некоја просторија за складирање која има греење, најважната работа е да му обезбедите безбедна куќа за кучи. Заборавете за импровизирани засолништа во форма на картонски кутии, разни гајби, шатори и церади. Куќата треба да биде направена од дрво или дебела пластика (овие куќи се специјално изработени и можат да бидат во форма на игла), со добра изолација. Исто така, куќата за кучето треба да има вентилација, но не треба да има промаја. Не треба да ја поставите на ветровито место и обезбедете ја внатре да не влегува снег или дожд.. Ова може да се постигне со поставување на врата на влезот на куќичката или на ленти од подебел најлон. Потоа постелете топла прекривка или постар дел од платнен душек. Можете да користите и слама, сено или ќебиња. Важно е редовно да ги проверувате прекривките дали се суви.Влажните душеци не нудат топлинска изолација и треба да ги смените. Во повеќе европски и западни земји постојат електрични душеци специјално изработени за надворешна употреба , како и специјални електрични грејачи кои одржуваат топлина во куќучките.

Храна и вода

Важно е да ја промените водата неколку пати на ден за да не замрзне. Кучето може да дехидрира ако водата е замрзната. Исхраната треба да се зголеми, бидејќи кучето троши повеќе калории во ладните денови. Консултирајте се со ветеринар за да ја добиете најдобрата формула во исхраната, земајќи ја предвид расата и годините на вешето милениче кое живее надвор од домот. Можете да користите пластичните чинии, бидејки ако се метални може да се случи јазикот на кучето да му се залепи за металот.

Одржување на хигиена

Ако кучето има подолги уши кои висат надолу или пак подолги влакна редовно проверувајте го посебно околу устата да не има мраз или смрзнатини. Нозете се најмногу изложени на ефектите од зимата и затоа редовно измијте го кучето, бидејќи нечистотијата и губењето на влакната имаат лош ефект врз топлината. Затоа редовно четкајте го вашиот миленик.Чувајте ја и хигиената во и околу куќичката, бидејќи дури и во ладни денови може да има болви и крлежи кои можат да станат активни во потопла средина.

Физичка активност

За жал, кај нас кучињата кои живеат во дворовите се врзани со синџири кои им го ограничуваат движењето. Ова не е препорачливо за било која сезона од годината и се препорачува дворот да биде ограден за кучето да има простор за движење. Исто така кушето прошетајте го неколку пати во денот и оставете го да се истрча по снегот. Потоа проверете дали во куќичката му е суво и безбедно и дали има доволно вода и храна. Така вашиот миленик кој живее во дворот на вашиот дом попријатно и побезбедно ќе го презими ладниот период во годинат и да остани здраво и среќно во ваша близина.

Имаш прашање, критика или сугестија? Кликни на копчето и вклучи се во дискусијата на нашата ФБ страна!