Слободенпечат: Дружење со децата со аутизам

Ав Ав Хепи Дог центарот организираше дружење со децата со аутизам

Децата и родителите на Здружението Аутизам мк беа на гости во АВАВ доги паркот и уживаа во меѓусебната дружба, играње со кучињата и тимот на паркот кои им овозможи да излезат од нивните домови и да ја наредат сложувалката наречена еднаква шанса за живот на сите деца.

Под мотото „Среќни деца, среќни кучиња“, АвАв Хепи Дог центарот и здружението Аутизам мк им овозможија на дечињата со аутизам двочасовно дружење со кучиња во паркот. Настанот беше проследен со многу насмевки, дружење и радост кај децата и кучињата. Како што велат од Ав Ав Хепи Дог центарот, нивна примарна цел е промовирање на кучето како најдобриот пријател на човекот како и важноста на кучето за нивна благосостојба.

Целата статија на Слободен печат може да ја прочитате со клик на оваа врска

Имаш прашање, критика или сугестија? Кликни на копчето и вклучи се во дискусијата на нашата ФБ страна!