РАСАТА НА КУЧЕТО МИЛЕНИК ГО ОТКРИВА ВАШИОТ КАРАКТЕР

Изборот на расата на куче како ваш миленик многу кажува какви сте вие и какви карактеристики ве красат. Верувале или не вие инстинктивно одбирате која раса на куче ќе биде ваш миленик и меѓусебе ќе остварите комуникација и здрава и убава дружба во животот.


 

ЛАБРАДОР И РЕТРИВЕР

Овие раси на кучиња се дружељубиви, добри и со стабилен карактер. Љубителите на овие раси на кучиња, семејството го ставаат на прво место и многу се грижат за сите. Со овие луѓе лесно е да се живее и да се планира заеднички живот. Тие сакаат да се дружат, и наликуваат на социјални пеперутки. Искрени се и срдечни.

ТЕРИЕР

Енергични, весели и разиграни кучиња. Љубителите на расата кучиња териери се многу флексибилни и прилагодливи луѓе кои лесно ги извршуваат сите задачи во животот. Тие се многу храбри, и им се допаѓаат животните предизвици. Комуникативни се и друштвени и имаат перфектен смисол за хумор.

БИГЛ

Оваа раса на кучиња е енергична и лојална. Нивните сопственици се отворени и љубопитни луѓе кои сакаат нови животни предизвици и искуства. Тие се добри пријатели, и секогаш е топло и забавно во нивно друштво, но понекогаш знаат да бидат непредвидливи во нивните одлуки

МОПС

Оваа раса на кучиња во светот е позната и како мали слатки забавни кловнови во кучешкиот свет. Луѓето кои ги сакаат се весели и позитивни луѓе. Тие сакаат да бидат во друштво, да уживаат и да се релаксираат, сакаат внимание и сакаат многу да се галат. Искрени се, но со луѓето кои им одговараат по карактер и однесување.

БОКСЕР

Енергична и моќна раса на кучиња со која никогаш не е досадно. Љубителите на оваа раса на кучиња живеат со полни гради среќни се и разиграни. Тие се секогаш во движење и акција, и лесно создаваат нови пријателства, шират среќа и не се здодевни.

КОКЕР СПАНИЕЛ, КИНГ ЧАРЛС СПАНИЕЛ И ЕСПАЉОЛ БРЕТОН

Овие се позитивни и нежни раси на кучиња. Љубителите на овие прекрасни кучиња се многу срдечни, чувствителни и луѓе од доверба. Водат забрзан начин на живот но сепак наоѓаат време за семејството.

ПОИНТЕРИ, ВАЈМАРСКИ ПТИЧАР И СЕТЕР

Топли и пријателски раси на кучиња. Љубителите на овие убави животни се физички многу активни и уживаат во природата. Тие се многу интелигентни и храбри луѓе, и лесно е да се мотивираат и да се развеселат. Се плашат од досада и монотонија но сакаат предизвици.

МИНИЈАТУРНИ РАСИ – ПУДЛИЦА, ПИНЧ, ЧИВАВА

Многу се интересни и забавни. Сопствениците на овие кучиња се весели луѓе кои ги красит лојалност и чесност. Сакаат патување и дружење па убаво се забавуваат и се снаоѓаат во секакви ситуации. Тие се многу уредни и организирани, и секогаш се грижат за нивниот изглед.

ГЕРМАНСКИ, ШВАЈЦАРСКИ, БЕЛГИСКИ ОВЧАР

Станува збор за многу силни и верни раси на кучиња. Љубителите на овие раси се вистински и искрени пријатели. Верни партнери се и личности од доверба. За луѓето за кои се грижат и кои им се допаѓаат, тие се подготвени да направат сè.

ДОБЕРМАН И БОЗЕРОН

Лојални и решителни кучиња со цврст карактер. Луѓето кои ја сакаат оваа раса се многу организирани, сакаат да работаат според план и ред. Тие се вредни и работливи и секогаш ќе ги постигнат своите цели, но на софистициран и многу префинет начин.

РОТВАЈЛЕР

Храбара и лојална раса на куче. Сопствениците на овие кучиња се полни со самодоверба. Тие се вистински пријатели и добри партнери. Смирени се и малку пасивни, но ако се најдат во непријатна ситуација, брзо и ненадејно реагираат, па може да се каже дека тие се со кус фитил на реагирање.

БУЛДОГ

Оваа група на кучиња е многу решителна, упорна и не се откажува лесно од она што ќе го науми. Сопствениците на булдозите се срдечни и сакаат да се смеат, но и многумина велат дека се тврдоглави. Тие се многу упорни и методични во исполнувањето на нивните обврски и задачи. Романтични се и сензуални.

БИШОН, ШИ ЦУ, ЛАСО АПСО И МАЛТЕЗЕР

Семејни дружељубиви кучиња. Луѓето кои ги сакаат овие раси се чувствителни, сакаат контакти со други луѓе и посветуваат големо внимание на нивниот изглед. Тие се сигурни во себе и знаат што сакаат. Сакаат да се дружат со семејството и со пријателите, и секогаш ќе им бидат достапни.

СИБИРСКИ ХАСКИ

Енергични и позитивни кучиња. Сопствениците на оваа раса се љубители на спортот и активностите, без разлика дали учествуваат во него или навиваат од фотелја дома. Понекогаш имаат многу тврди ставови и поради тоа изгледаат дека се тврдоглави, но всушност тие се чувствителни и нежни луѓе.

МЕШАНИ РАСИ

Иако нивните карактери се различни, мешаните раси на кучиња се многу позитивни. Сопствениците на овие кучиња се луѓе со отворен ум, многу грижливи и позитивни. Тие не се заморуваат со големи планови и неважни работи и уживаат во она што им го нуди животот. Тие сакаат да поминуваат време со пријателите и луѓето кои ги исполнуваат. Имаат големо срце и секогаш се подготвени да помогнат.

Имаш прашање, критика или сугестија? Кликни на копчето и вклучи се во дискусијата на нашата ФБ страна!