РАСАТА НА КУЧЕТО МИЛЕНИК ГО ОТКРИВА ВАШИОТ КАРАКТЕР – ПРОДОЛЖУВАЊЕ

Изборот на расата на куче како ваш миленик многу кажува какви сте вие и какви карактеристики ве красат. Верувале или не вие инстинктивно одбирате која раса на куче ќе биде ваш миленик и меѓусебе ќе остварите комуникација и здрава и убава дружба во животот. Бидејки во светот постојат безброј раси на кучиња а посебно мешаните кучиња кои луѓето со задоволство ги вдомуваат и уживаат во нивно друштво АВАВ тимот го продолжува серијалот на текстови на оваа тематика. И вам ви даваме можност да ни напишете какво куче имате и какви карактеристики го красат. Со тоа и Вие самите ќе дадете корисни совети но и ќе ја покажете вашата посветеност и љубов кон миленикот кои произлегуваат од вашиот карактер и особините кои ве красат како одговорен сопственик но и во рамките на вашетото семејство и во општеството.


ШКОТСКИ ОВЧАР – ПОПУЛАРНОТО ЛЕСИ

Оваа раса на куче со раскошен изглед е херојот од нашето детство. За него има снимено многубројните серии и филмови во кои се опишани неговата приврзаност кон луѓето а посебно кон децата. Леси е семејно куче заштитнички настроено но со мирен темперамент. Луѓето кои за миленик имаат Леси не покажуваат нервоза, смирени се и трпеливи и не се агресивни. Ги краси љубов кон децата и грижа кон семејството кое сакаат да им биде блиску. Овие луѓе се хумани и заштитнички настроени кон немоќните па затоа сакаат да помогнат на многумина.

БОБТЕЛ ИЛИ КАДИФЕНО МЕЧЕ

Во минатото оваа раса била овчарско куче, но денес е крал на изложбите. Бобтелот стекна голема популарност благодарение на стабилниот темперамент, мирното природно однесување кон децата и интелигенцијата. Брзо се врзуваат за семејството. Луѓето кои ги сакаат, дружат и ги негуваат овие кучиња се семејни луѓе смирени по карактер но слободоумни и без предрасуди. Практикуваат физичка активност во природа и тоа на широки простори бидејки сакаат да играат со својот миленик без ограничување на просторот. Овие луге се грижливи и педантни за себе но и за својот миленик и посебно внимание посветуваат раскошните влакна на кучето секогаш да бидат чисти и уредно исчешлани. Во спротивно овие кучиња страдаат и тагуваат. Сопствениците на овие кучиња се гордеат со нивниот изглед и со негата и времето што им го посветуваат за да изгледаат беспрекорно.

САМОЈЕД

Оваа раса на куче е со широка насмевка, блескаво бело и меко крзно раскошна опашка достоинствена става и е свесно за својата убавина. Сопствениците сведочат дека еднаш кога ќе ги погалите по нивното прекрасно крзно не можете да престанете. А кучето тоа го користи до максимум бидејки е тврдоглаво, мило, разиграно, своеглаво, но многу е приврзано кон сопственикот. Поради своите нордиски гени, самоједите можат да издржат многу ниска температура и сакаат да играат во снегот. Исто така, поради густите влакна може да бидат чувствителна на топлина. Самоједот не е куче за секого. Сопствениците се за луѓе кои имаат силна волја и посветеност и издвојуваат време да се дружат со ова куче. Овие кучиња но и луѓето кој ги чуваат ако не се активни се како елементарна непогода, не сакаат пасивност и секогаш се во движење. Од друга страна се емотивни и нежни со многу разбирање но и исклучителна дисциплинирани.

ЧАУ ЧАУ КУЧЕ НА КИНЕСКИТЕ КРАЛЕВИ

Оваа раса на куче е една од неколкуте древни раси на кучиња кои и денес постојат во светот. Нивниот изглед, но и темпераментот не се променети многу во историјата, а неодамнешните истражувања покажаа дека ова необично куче ја има најсоодветната ДНК со сивиот волк. Ова куче е исто така познато и по својот уникатен, специфичен црно-виолетов јазик. Кучето е независно, интелигентно, внимателно и верно како и сопственикот што се решил да го одгледува. Тоа е верно на сопственикот но и со некој друг член од семејството ако одлучи дека може да му верува. Луѓето кои ги имаат како миленичиња се доследни, упорни со силен карактер, дружељубиви но од друга страна нежни и чувствителни со многу такт и трпение во однесувањето кон другите луѓе.

ДАЛМАТИНЕЦ

Исклучително издржливо, енергично и карактерно куче. Во неговата природа не е цел ден да лежи и да мирува. Тие се игриви и среќни кучиња но многу се верни и лојални на сопственивите. Луѓето кои ги имаат како миленичиња се со стабилен карактер, најчесто семејни луѓе и многу често ги прати среќа во фамилијата и во работата. Тие се динамични, активни и постојано во движење, а нивниот темперамент бара постојани промени. Ако сопствениците подолго време го остават кучето само во дворот тогаш тоа ќе протестира и ќе почне да копа голема дупка во земја. Препорака до сопствениците е рано треба да почнат да ги соцјализираат за да можат да бидат и во друштво на деца, бидејки се тврдоглави и непослушни ако сопственикот не е доволно авторитативен. Потребна им е ригорозна обука. Далматинецот не треба да живее надвор, бидејќи не толерира ладно. Треба да му овозможите редовно истрчување на безбедна површина. Ако нема доволно физичка активност, далматинецот станува деструктивен и непослушен.

КРАЛСКА ПУДЛИЦА

Оваа раса на пудлица е една од најпопуларните кучиња во светот бидеји се одликува со отменост и елеганција. Поради одредената ароганција на однесување некои ги обожуваат а други пак не ги  одбираат за миленици. Лугето што го имаат како миленици се супер интелегентни, посебни и неконвенционални во однесувањето а понекогаш и екцентрични, но со голем ред, дисциплина и педантност во однесувањето во семејството и на работа. Кралската пудлица пак е многу лојална на сопственикот, и взаемно се согласуваат а познато е дека ова куче  добро се согласува и со малите деца. Бидејќи е исклучително социјално куче не сака да остане само премногу долго. Поточно, им треба редовна комуникација со луѓето, исто како и на сопствениците.

Имаш прашање, критика или сугестија? Кликни на копчето и вклучи се во дискусијата на нашата ФБ страна!