РАСАТА НА КУЧЕТО МИЛЕНИК ГО ОТКРИВА ВАШИОТ КАРАКТЕР – ПРОДОЛЖЕНИЕ(3)

Изборот на расата на куче како ваш миленик многу кажува какви сте вие и какви карактеристики ве красат. Верувале или не вие инстинктивно одбирате која раса на куче ќе биде ваш миленик и меѓусебе ќе остварите комуникација и здрава и убава дружба во животот. Бидејки во светот постојат безброј раси на кучиња а посебно мешаните нерасни кучиња кои луѓето со задоволство ги вдомуваат и уживаат во нивно друштво АВАВ тимот го продолжува серијалот на текстови на оваа тематика. И вам ви даваме можност да ни напишете какво куче имате и какви карактеристики го красат. Со тоа и Вие самите ќе дадете корисни совети и ќе ја покажете вашата посветеност и љубов кон миленикот кои произлегуваат од вашиот карактер и особините кои ве красат како одговорен сопственик но и во рамките на вашетото семејство и во општеството.

Пекинезер – мало кученце со лавовско срце

Со потекло од Кина оваа раса е стара повеќе векови. Има лавовско однесување и раскошни густи влакна, а познати се и како кучиња на сонцето. Секогаш биле придружници на кинеските владетели. Лугето кои ги сакаат и чуваат како миленици се сигурни во себе, темпераментни и храбри. Понекогаш сакаат да се фалат и се гордеат со семејството, посебно со успесите на децата или блиските но не претеруваат. Со тоа го привлекуваат вниманието на околината во позитивна смисла и се инспиративни со постапките и делата. Сопствениците, за нивните миленици знаат да кажат дека се тврдоглави и своеглави па затоа треба да им обезбедат добра дресура за да ги прилагодат на домашните услови на живот, посебно кога се во близина деца.


Пит Бул

Пред се е семејно куче кое ги комбинира силата, благонаклоноста и интелигенцијата. Расата на Пит Бул е често погрешно разбрана, бидејки имаат такмичарски дух но многу се лојални и послушни, па така од несовесни и бескрупулозни сопственици се злоупотребувани за борба со други кучиња. Одговорните луѓе кои ги чуваат како вистински миленици се посебни, интелигентни, хумани, трпеливи и вложуваат во нивна дресура и соцјализација. Пит Булот и сопственикот имаат посебна врска и приврзаност а тоа се темели на стабилноста и приврзеноста кон семејството и заштитничката мисија. Кога сопственикот ќе го соцјализира својот миленик оваа раса на кучиња се питоми и лојални придружници и на децата.

 


Американски Стафорд

Моогу храбри и интелигентни кучиња кои ги обожуваат сопствениците, а кон децата се однесуваат заштитнички. Силни се и мускулести, многу подвижни и брзи , па затоа кон оваа раса има предрасуди па дури ги сметаат и за опасни кучиња. Но ако правилно ги третирате и воспитувате се вистински галеничиња и миленици на целото семејство. Луѓето кои ги одгледуваат и чуваат како домашни миленици се со силен карактер, многу интелегентни и што би рекле имаат цврста рака, непоколебливи и ретко попустливи на шармот на овие кучиња, и имаат силна интуиција. Како и сопствениците и овие кучиња не се нервозни туку се смирени и имаат меѓусебна многу добра комуникација. Овие кучиња многу добро ги проценуваат лугето кои доаѓаат во нивниот дом со каква намера се. Иако овие кучиња ретко реагираат бурно во присуство на други кучиња, треба да се земат во обзир непредвидливи ситуации па затоа се препорачува децата да бидат во друштво со возрасен додека ги шетаат овие миленици бидејки сопственикот е вистински авторитет за нив.

 


Кане корсо

Оваа раса на куче е многу интелигентно и заштитнички настроено и со правилен пристап и внимание е вистински семеен миленик. Оваа стара италијанска раса порано се користела за заштита на домот и имотите но и како ловечко куче. Кане корсо кучињата се моќни и спортски градени и најмногу одговараат на сопственик кој имаа голем и сигурен ограден двор. Луѓето кои ги чуваат како миленици се сериозни, смирени, дисциплинирани и јасни во намерите и однесувањето. Но на своето милениче и на блиските им даваат многу љубов и внимание. Затоа ова куче нема интерес да се дружи со сите што ги среќава, односно нема интерес за други луѓе надвор од неговото семејство. Не сакаат да лежат по цел ден и често самите кучиња си наоѓаат забава и игра.

 


Шарпланинец

Иако ова куче според расата е овчарско куче многу успешно може да се прилагоди и одгледува во урбани услови. Тие се како големи мечиња за луѓето кои сакаат да си играат и да се мазат со нив. Шарпланинецот припаѓа на расите на големи кучиња и е добар пријател чувар, но му треба голем двор и простор за играње и трчање. Сопствениците на овие кучиња се весели слободоумни луѓе, главно семејни и грижливи кон најблиските а понекогаш и претеруваат со тоа. Секогаш умеат да ги предвидат ситуациите и да се спротивстават на се она што може да му наштети нему или на семејството. Паметни се но смирени и на дипломатски начин ги решаваат проблемите. Сопствениците на овие кучиња треба да му посветат повеќе време за социјалицација и дресура за да го скротат нивниот помалку див карактер бидејки овие кучиња не сакаат непознати луѓе да се врткаат околу домот на сопствениците.

 


Бернардинец

Бернардинецот изгледа импресивно како куче- џин и некои луѓе се плашат, но тоа се многу добронамерни, мирни и семејни кучиња. Најпознатиот Бернардинец е Бетовен од истоимениот филм. Луѓето кои ги чуваат како миленици се весели, едноставни, позитивни, хумани дружељубиви и посебно заштитнички настроени кон семејството. Бернардинецот е одличен избор за семејства со деца, каде што единствениот проблем може да биде тоа што тие не се премногу разиграни односно многу се мирни и тивки. Без разлика колку се големи тие можат да се чуваат дома. Познати се и како спасители при планински несреќи во зима бидејки се отпорни на ниски температури а во снежни лавини пронаоѓаат затрупани скијачи на Алпите.

 


Германска (Данска) Дога

Ова е најголемата и највисока раса на кучиња во светот но во исто време овие кучиња се најомилени бидејки многу сакаат да се галат и да се милуваат. Големите дански доги имаат благ карактер и идеални се за семејства со деца. Нивните сопственици се интелегентни и слободоумни луѓе кои имаат изострена интуиција и чувство за естетика. Полни се со љубов и разбирање кон семејтвото и блиските. Сопствениците со нивните миленици имаат посебна врска и јазик на разбирање па затоа овие кучиња се заштитнички настроени кон семејствата каде живеат, посебно кон децата.

 

 

 

Имаш прашање, критика или сугестија? Кликни на копчето и вклучи се во дискусијата на нашата ФБ страна!