Разговор со миленици го чува менталното здравје

Разговорот со домашните миленици го подобрува и менталното здравје на луѓето. Така оние кои никогаш не чувале домашен миленик, според научните сознанија биле изложени на 40 отсто поголем ризик од срцев удар од на пример сопствениците на мачки и кучиња. Посебно е констатирано дека сопствениците на кучиња имаат поголеми шанси да преживеат по срцев удар. Животните се одлични соговорници по напорниот работен ден , а се што им е потребно е малку внимание, храна и место за спиење. Неодамнешните истражувања покажуваат дека разговорот со миленикот е насочен кон подобро здравје. Според американскиот Центар за контрола и превенција на болести, врската меѓу луѓето и нивните миленици може да има многу предности, вклучувајќи подобрување при вежбање, намалување на стресот, намалување на чувството на осаменост и на крвниот притисок. Сопствениците на кучиња можат да се пофалат со добра здравствена состојба, бидејќи повеќе време поминуваат на отворено. Затоа полесно се справуваат со стрес, а со тоа го чуваат и здравјето на срцето. Исто така, истражувањата покажуваат дека сопствениците кои редовно шетаат со своите кучиња имаат значително помал индекс на телесна маст и 11 отсто повисоки нивоа на дневна активност од оние без домашни миленици. Децата кои растат опкружени со домашни миленичиња имаат помал ризик од алергии и со вишок на килограми.

Имаш прашање, критика или сугестија? Кликни на копчето и вклучи се во дискусијата на нашата ФБ страна!