Постои древна религија во која кучињата се свети животни

Зороастризмот е древна религија која илјадници години била официјална персиска религија. Денес оваа древна религија ја следат неколку милиони луѓе, но нејзиниот дух се уште живее, а тоа најдобро се гледа во бројот на луѓето во светот, кои сакаат и почитуваат кучиња.

Исклучок се неколку екстремно нарушени (не)култури во чии национални кујни, најверниот пријател на човекот-кучето е на нивното мени.

Зороастризам религија на обожување на кучињата

Кучето, кога неговиот предок е припитомен пред 30.000 години, има посебно место во животот на луѓето.Толку посебен што постои дури и голема светска религија, што некогаш доминирала на територијата од половина од земјината топка.

Денес постојат само неколку милиони следбеници кои успеваат да се спротивстават на прогонот кои трае илјада и петстотини години. Оваа религија позната под името зороастризам потекнува од територијата на поранешна Персија, сега Иран, веројатно пред околу 3.500 години, и беше државна религија со милениуми. Нејзиниот пророк беше Заратустра, честопати нарекуван Зороастер, по кого беше именувана оваа религија.

Таа учи дека во светот постојат две спротивставени сили: доброто, предводена од Ехуд Мазда творецот, или мудриот Господ кои проповеда се што е најдобро и најпозитивно на светот, и злото предводено од Ахриман, кои се обидува да го уништи светот, и се што симболизира мир и совршен ред.

Целта на животот на обичните луѓе, според оваа религија, е со сопственото живеење , однесување и доблести да се борат на страната на добриот и мудриот Бог и против деструктивните сили на злото.

Во оваа древна религија кучето беше предмет на обожување.”Ehtiram-i sag” или “Почитувај куче” е еден од главните максими и заповедите на древниот зороастризам, во кои овие прекрасни суштества- кучињата се сметаат за особено добри и доблесни суштества, кои мора да се чуваат и луѓето за нив треба да се грижат со љубов. Кучињата се издигнуваат до култ и обожување бидејки се лојални, интелигентни и со посебни духовни доблести.

Кучињата се третираат во голем број на делови од нивните свети списи на Авеста, нивната Библија, во која во детали точно се опишува како верникот треба да се однесува кон кучињата. Како треба да им помага, било да се домашни кучиња или за оние без сопственик и дом. Помошта или лошото однесување кон кучињата, во оваа религија се третира исто како да се помага или да се прави зло на луѓето.

На едно место од светите списи е наведено дури колку храна треба да јадат мажите, жените, децата како и точната количина храна која треба да ја наменат за три вида кучиња. Исто така, е наведено дека кучињата треба да јадат млеко, свеж леб и други млечни производи, како и други работи што ги јаделе луѓето. Секогаш кога луѓето јаделе, тие биле обврзани да одделат одредена количина храна и за кучето.

Верувања

Голем грев било да оставите куче гладно и жедно или да го повредите. Исто така голем грев според зороастризмот било на куче да му дадете коска која може да го задуши или премногу топла храна и да си ја изгори устата како и ждрелото.

Да му се даде на куче расипана храна е исто како да му дадете таква храна на праведен човек меѓу луѓето. Болното куче (или било кое друго животно) морало да се лечи како што се лечи и човек кога е болен, со сета грижа, љубов и внимание. Домаќинот морал да се грижи за скотна кучка во близина на неговиот дом, додека кученцата не наполнат шест месеци.

Ако домаќинот не го сторел тоа и кучката со кучињата настрадале, тој или таа ќе бидат казнети за убиство, бидејќи Атар (огнот), син на Ахура Мазда, се грижел за бремена кучка, исто како што се грижи за бремена жена.

Според наводите на светите списи на оваа древна религија која и денес има неколку милиони следбеници, убивањето куче значи вечно проклетство за убиецот. Угинатите кучињата, тогаш се погребувале со истите почести како и луѓето. Ако куче угинело во домот тогаш домаќините надвор ваделе дел од огнот од огништето, исто како што било обичај да се направи кога умирал човек.

Луѓето припадници на оваа религија веруваат дека погледот на куче има прочистувачки ефект. Сетете се на ова кога на улица ќе видите напуштено куче и ќе го погледнете во очи. Верувајте дека во погледот на вакво куче кое талка бесцелно можете да видите дека тоа бара единствено да го погалите и да му упатите некој убав збор.

Кучето и религиите

И во Хинду религијата постојат учења дека кучето исто така е свето животно. Култ кон кучињата постоел и во древна Месопотамија, потоа во Египет, каде што биле поврзани со Анубис, бог со шакалска глава, и каде ја имале својата света улога.

Дури и Исус Христос ги спомнува кучињата во позитивно светло, во делот со раните на воскреснатиот Лазар. Ни Ацтеките не останал имуни на родот на кучето. Во Централно Мексико се пронајдени многу стари гробови на овие животни кои играле религиозна и симболичка улога.

Литературата

Во модерните времиња постојат поети кои ја возобновиле оваа религија на обожување на кучињата. Лорд Бајрон со својот “епитаф за куче” во кој пишува искрено и отворено за неправдата зошто едно толку добро суштество по смртта не оди во рајот туку на рајот се надеваат дека ќе одат и луѓе кои се на ниво на инсект.

И Сергеј Јесењин со својот емотивна и потресна песна “Песна за кучката”, предизвикува солзи и тага повеќе од било кое поетско дело во светот.

Имаш прашање, критика или сугестија? Кликни на копчето и вклучи се во дискусијата на нашата ФБ страна!