НАСТАН-ДЕНОВИ НА ВАШЕТО МИЛЕНИЧЕ 2019, ИВСА и АвАв

Едукативен и интерактивен настан во АВАВ хепи дог центарот

Во АвАв Хепи Дог центарот, на 11 мај во сабота се организираше настан Деновите на Вашето милениче 2019 година, во организација на Интернационалната ветеринарна студентска асоцијација IVSA- Скопје.

Тимот на АВАВ центарот веќе две години ги афирмира придобивките и едуцира за ОДГОВОРНО СОПСТВЕНИШТВО кон милениците но и за благосостојба и различни форми и начини на социјализација на милениците, однесување во јавен простор, обврски на сопствениците и за згрижување на уличните кучиња кои талкаат безнадежно низ улиците на Скопје како и низ другите градови во државава.

Главното мото на АВАВ центарот е дека КУЧЕТО Е ЗА ЦЕЛ ЖИВОТ и ова мото пренесува важна порака која треба да е на врвот од пирамидата и дека целата грижа за животните започнува од одговорното сопствеништво кон милениците. Со ова добиваме среќно куче, среќен сопственик и среќна заедница.

Наде Богоевска и Михаела Поповик, сопственички на АвАв Центарот, предаваа на темата Одговорно Сопствеништво, Социјализација и Однесување во јавен простот, и Безбедност во присуство на куче.

На едукативниот настан организиран во просториите АВАВ хепи дог центарот учествуваа еминентни професори од Ветеринарниот факултет во Скопје како и стручни лица кои се занимаваат со здравјето и благосостојбата на животните и општествената важност на одговорното сопствеништво.

Едноставно е да се земе куче но одговорноста е голема

           Професор др. Пламен Тројачанец

Професор др. Пламен Тројачанец од факултетот за ветеринарна медицина, изјави дека целта на советувањето во АВАВ хепи дог центарот е да се подигне свеста на сопствениците на миленици за одговорно сопствеништво и да размислат на своите постапки кога земаат куче. Треба сериозно да се размисли за нивните права и благосостојба но и за обврските кон милениците.

Едноставно е да се земе куче но не е едноставно десеттина години соодветно да се чува миленик. Тоа бара многу инвестиција, грижа, љубов и одговорност кон животните. -Во јавноста се дигна голема прашина и има дискусии за задолжителна стеролизација на милениците и на бездомните животни.

Од анализа на 5-6 илјади кучиња дека нестерилизираните животни имаат тенденција да добијат тумори, а другите не, претставува воопштен заклучок, но ова не треба да се отфрли како факт.- појасни професор др. Пламен Тројачанец од факултетот за ветеринарна медицина, за стерилизацијата на животните.

Стерилизацијата на вашето куче е дел од одговорното сопствеништво, исто и како грижата за здравата исхрана, свежата вода, здравствената заштита и редовната физичка активност.

Покрај стерилизацијата важна компонента и ваша законска обврска е да му вградите микрочип на вашиот миленик како што е обврска и микрочипирањето и давањето на задодолжителна здравствена заштита и на уличните кучиња поради неконтролираното размножување и нивна безбедност.

Животните не знаат да ни се заблагодарат – Ветеринарниот факултет во Скопје

-Ние на факултетот за Ветеринарство ги едуцираме студентите на прво место да ги ставаат животните и им помагаме со тоа што им даваме здравствена заштита. Животните не знаат да ни заблагодарат за тоа, но имаме проблеми со јавноста и неразбирање на општеството што ние правиме како ветеринари.

Продекан за настава при ФВМ-С, Проф. др. Игор Улчар го започна овогодишниот настан Денови на вашето милениче 2019

Треба да се знае дека се занимаваме со една од најхуманите професии во светот, а општеството не ни возвраќа бидејки не се препознава дека преку здравјето на животните се грижиме и за здравјето на луѓето. АВАВ Паркот е отворен да уживаат кучињата и да се едуцираат сопствениците- појасни професорот Игор Улчар, продекан на настава при факултетот за Ветеринарна медицина- Скопје

Професорот др. Валатко Илиевски од Ветеринарниот факултет во Скопје појасни дека вакви Центри му се неопходни на ветеринарниот Факултетот бидејки е потребно јавноста да биде информирана за тоа каква е вистинската состојба и што се работи. Преку соработката со АВАВ хепи центарот и преку вакви едукативни настани тие ја согледуваат вистинската проблематика на терен.

Проф. д-р. Влатко Илиевски

Проф. д-р. Влатко Илиевски при ФВМ-С кој предаваше на тема: “Влијание на телесна тежина врз благосостојба на миленици”

-Едукацијата и соцјализацијата во вашиот Центар треба да е двосмерна, кон сопствениците на кучиња но и кон општеството со битна улога за смалување на проблемите со бездомните кучиња. Вие како Центар треба да се свртите кон град Скопје, да помогнете за решавање на проблемот со бездомните кучиња и спречување на ширење на болести и напади на кучиња, објаснува др.Илиевски.

Во едукативниот дел од настанот сопствениците на миленици имаа можност да слушнат повеќе и за добра комуникација како фактор за успешна ветеринарна пракса од Проф. др. Благица Сековска.

Проф. др. Благица Сековска

Во едукативниот дел Анета Николова, ДВМ  предаваше за ектопаразити кај домашните миленици и болести кои тие ги предизвикуваат, и се осврна на превентива и заштита од паразити.

Анета Николова, ДВМ

Сара Тодоровска, апсолвент на ФВМ-С одржа презентација која што предизвика голем интерес од сопствениците на миленици, на тема прва помош при труење.

Сара Тодоровска, апсолвент на ФВМ-С

Интернационалната ветеринарна студентска асоцијација IVSA- Скопје

Ивана Арсовска, преседател на студентската асоцијација ИВСА-Скопје која веќе втора година е организатор на Деновите на Вашиот миленик исто така се залагаат и гласно го промовираат одговорното сопствеништво. Пред се од аспект на здравствена заштита на животните под мотото одговорен сопственик, здраво милениче.

Оваа година ИВСА изготви повеќе брошури на тема важноста на микрочипирањето, кастрација и стерилизација, здрава исхрана, прва помош при труење, ектопаразити, итн. Ивана Арсовска – примарно ни е едукацијата на сопствениците за да имаме здрави миленици.

Со таа цел беа поставени повеќе штандови каде сопствениците на кучиња можеа подетално да се информираат за содржината на брошурите и темите со цел правилна грижа за здравјето на нашите миленици.

Меѓународниот Кинолошки Сојуз

Габриел Стибел, од Меѓународниот Кинолошки Сојуз рече дека оваа манифестација организирана во АВАВ центарот е преубав едукативен настан за сопствениците на миленици и вакви настани треба почесто да бидат организирани бидејки се работи за интерактивен настан. Се осврна на важноста на доброто информирање на сопстврниците на кучиња за постапката за добивање на педигре на расните кучиња, оценувањето, и стандардите и правилниците во кинолошкиот сојуз за одгледувачниците и нивното правилно функционирање.

-Посетителите во АВАВ Центарот имаа можност во живо да слушнат од стручњаци и професионалци вистински совети за сопствениците и за благосостојбата на нивните миленици, бидејки интернетот секогаш не е место од каде треба да се едуцираме за оваа област.

Од Кинолошкиот сојуз велат дека се занимаваат со расни кучиња но дека ги сакаат и сите други кучиња. Тие работаат со расни кучиња, се занимаваат со нивната генетика, дали се тоа ловџиски кучиња, овчарски кучиња чувари или кучиња за помош на слепи лица или други лица со специјални потреби. Кинолошкиот сојуз има свои ставови, цели и задачи и функционира од 1953 година.

По завршување на едукативните содржини и предавања, гостите и милениците имаа можност да се забавуваат во сите содржини на АвАв Хепи Дог центарот, а за добрата атмосфера се погрижи музичкиот бенд The Bitcoins.

Во рамките на настанот имаше и специјално детско катче каде и најмалите се забавуваа.

АВАВ хепи дог центар

АВАВ е првиот забавен парк во Македонија за кучиња и нивните сопственици кој е формиран како социјално претпријатие и е направен целосно од рециклирани материјали, што е во целосна согласност со нашите вредности и верувања да бидеме одговорни кон животните, животната средина и кон планетата воопшто.

Мисија на АвАв Хепи Дог како компанија е да се подобри квалитетот на животот на кучињата и трајно вдомување на уличните кучиња преку нивно времено згрижување, а воедно и создавање на пријатен простор со многу содржини за едукација, забава и игра на домашните миленичиња и нивните сопственици, со цел на едно место да се најдат сите потребни производи и услуги.

-Нашата визија е да создадеме заедница каде што секое куче ќе има траен дом, на секое куче да му е обезбедена основната нега и градот Скопје да биде град без улични кучиња и насилство врз животните.

Сите едукативни флаери и за одговорното сопствеништво прочитајте повеќе тука.

 

 

 

 

 

Имаш прашање, критика или сугестија? Кликни на копчето и вклучи се во дискусијата на нашата ФБ страна!