Ова е Бах

Шест ипол годишен шарпланинец во сивкасто црна боја. прекрасен дружењубив, паметен, мирен просто со карактеристики на добар човек. Сака да се гали и гушка дури и да се бакнува со своите сопственици. најголемата грижа во животот му е што тој има фобија од плочки, односно од мазни подови и не сака да се движи по такви. Обожава да лежи внатре во домот и иако е страшен на лик тој всушност е многу кроток.

 

Шарпланинец или југословенски овчар е раса на кучиња – чувар именуван по Шар Планина.

Потекло: Македонија, Србија, Албанија

Карактер: Спокоен, добродушен, храбар, одлучувачки, напаѓачки само кога е потребно, одличен чувар, сака деца.

Животен век: 11-13 години

Темперамент: сигурен, тврдоглав, посветен, независен, интелигентен, заштитен, смирен

Бои: црна, бела

Тежина:

  • Машки: 35-45 кг;
  • Женски: 30-40 кг;

Висина:

  • Машки: 56-62 см;
  • Женски: 54-60 см;

Имаш прашање, критика или сугестија? Кликни на копчето и вклучи се во дискусијата на нашата ФБ страна!