Невреме, грмење и молњи се екстремно страшни за некои кучиња

Пролетта носи големи промени на времето, пропратено со изненадно невреме, дожд, грмотевици и молњи кои иако се природни појави најчесто ги вознемируваат сите животните.

Сведоци сме дека и нашите миленици реагираат на овие промени со голем страв кои што ги воведува во висок стрес и е тешко самите да се справат со таа состојба.

Затоа ако чувате миленик редовно информирајте се за временската прогноза и ако е можно бидете со нив кога надвор се спрема невреме.

Сепак, постојат начини да се ублажат овие екстремно стресни моменти за вашиот миленик. Еве како да му помогнете на вашиот миленик, без разлика дали е на улица или дома.

Громот ги плаши

Кучињата се плашат и од ненадејни блесоци на молњи а нивните реакции се различни од куче до куче. Во зависност од тоа дали миленичето е надвор или дома, ние мораме да дејствуваме поинаку, за да го смириме и кучето да се чувствува спокојно и безбедно.

Кучињата во момент пред и за време на невреме се кријат поради преголемиот страв што го чувствуваат.

На исплашените миленици, само по препорака на ветеринар можете да им дадете лекови или гранули за смирување.

Ако се најдете надвор од дома, на улица, држете го кучето цврсто на поводник за да не побегне во паника и да не излета на улица. Ако за време на невреме и громотевици сте дома тогаш затворете ги прозорците и вратите, земете го кучето во скут и галете го ако тоа му се допаѓа.

Ако кучето почне да се тресе или покажува други знаци на страв, пуштете го нека се смири и самото да оди на место каде што се чувствува безбедно. Обично се кријат, зад нас, под кревет или пак се вовлекуваат зад мебелот.

Ако покаже интерес, на кучето овозможете му да се сокрие во орман со ваши алишта, бидејки го смирува вашиот мирис. Кучињата исто така се чувствуваат безбедни и кога се кријат под мијалник па дури и во машина за перење.

Откако ќе почне да грми и светат молњи, спуштете ги ролетните, пуштете гласна музика и обидете се да го свртите неговото внимание.

Ако кучето не одговара на вашите команди, не го присилувајте на тоа – тоа не го прави оти е тврдоглавo, туку затоа што се плаши. Кога кучето е под силен стрес не е способно да одговори на вашите наредби и затоа не му викајте гласно бидејки дополнително го вознемирувате.

Природно е за кучињата да се плашат од гласни звуци. Гласните звуци влијаат на нивниот нервен систем и можат да се вознемирени и многу да се исплашат. Тие обично бегаат во спротивна насока од каде доаѓа бучавата а тоа е нивниот вроден механизам за преживување.

Најчестите симптоми за куче кое е исплашено: тресење, криење, барање подршка, утеха и заштита од сопственикот, зачестено мокрење, засилено лачење на плунка и други манифестации на страв.

Повеќе за симптомите и како да му помогнете на вашето куче да се справи со гласните звуци, особено од огномети и петарди прочитајте тука

Имаш прашање, критика или сугестија? Кликни на копчето и вклучи се во дискусијата на нашата ФБ страна!