На плажа со куче

Ако сте ги средиле сите административни “мали нешта” во врска со патување на одмор со вашиот миленик, посебно во земја членка на Европската унија, веројатно се радувате на деновите кои заеднички ќе ги поминете на плажа. Без разлика дали ќе одите на море на езеро или на река треба да се придржувате на некои правила кои се универзални.

Секое куче не е за на плажа

Кученцата до 6 месеци сеуште не завршиле со вакцинација и протокол од заразни болести, а некои не толерираат високи температури или не им се допаѓа премногу друштво на други кучиња и луѓе. На некои кучиња пак не им се допаѓа вода. Знаејќи го вашето куче, неговиот темперамент, однесување во однос на други кучиња и луѓе, треба сами да процените дали да го одведете кучето на плажа или не.

Ако не сте сигурни дали му се допаѓа вода и пливање, однесете го рано наутро или доцна вечер и тестирајте го неговото однесување. Избегнувајте метеж од луѓе и проверете дали и зошто евентуално се плаши од вода.

Оние кучиња кои не сакаат вода не треба да ги малтретирате за да влезат во неа. Влегувањето во вода на кучето треба да му причинува задоволство и уживање, а не стрес и страв. Затоа треба да им биде овозможено полека да го надминат стравот од вода. Миленикот не го терајте со сила или не ги фрлајте насилно во вода. Траумите од лошото искуство влијае на психо-физичкото здравје на кучето.

Почитувајте ги правилата

Пред да заминете на плажа, проверете дали е дозволено присуство на миленици на плажа. Исто така, проверете дали има дел од плажата која е предвидена за кучиња и во кој период од денот. За жал, во нашата земја, но и во многу други држави плажите се забранети за овој вид миленичиња. Нудисти може, но кучињата се забранети!

Затоа пред да го однесете вашето куче на плажа проверете, бидејки нема да ви биде пријатно да ве опоменуваат или пак да плаќате високи казни. Ќе треба да ги најдете плажите, претежно диви или оние кои имаат предодредено дел за кучиња- пливачи.

Заштитете го кучето од сонце и носете поводник!

Најважно е на плажа да понесете поводник за кучето. Најдобро е да биде долг од 5 до 10 метри. На плажа пуштете го слободно да се прошета само ако сте сигурни дека ќе се вратат веднаш кога ќе го повикате да се врати. Впрочем, секое ослободување од поводник подразбира ваков вид обука и контрола на кучето. Со вас секогаш понесете доволно деликатесни омилени тритови на кучето, како награда за добро однесување, ако треба да го повикате назад до вашата лежалка.

Сонцето ќе го зголеми губењето на течноста од телото, па не заборавајте да земете сад за вода и доволно вода за пиење. Не дозволувајте повеќе кучиња да пијат вода од истиот сад за да избегнете можни инфекции, на пр. заразна кашлица. Ако кучето не знае да плива (што би било чудо поради тоа што пливањето е вроден инстикт), или се работи за куче со џуџест раст, на плажа понесете перниче за вода. Потоа ставете го кучето се додека не се осмели да влезе во вода и да плива.

Ако не сте во можност да одите на плажа во раните утрински часови кога сонцето е послабо, не заборавајте да понесете чадор за заштита од сонце. Внимавајте кучето не смее да биде на сонце повеќе од 30 минути. Кучето ставете го под сенка и понудете му да пие вода.

Во спротивно кучето може да изгори на носот, стомакот, препоните и на врвовите на ушите. Овие делови од телото на кучето не се доволно заштитени со влакна. Никако не смеете да користите препарати за заштита од сонце за луѓе, бидејки тие се токсични за кучињата. За кучиња има посебни препарати за заштита. Побарајте совет од вашиот ветеринар.

Исчистете зад вашето куче

Тоа што се наоѓате на голема површина покриена со песок, не значи дека тоа е огромен тоалет за вашето куче. Се разбира, не може да се очекува дека за време на престојот на плажа нема да изврши нужда. Затоа земете си пластични кеси за измет и веднаш кога вашето куче ќе заврши “работа” соберете го изметот и фрлете го на одредено место.

Истуширајте го кучето

Песокот и солта може да бидат многу иритирачки за кучешката кожа и за крзното. Ако имате можност уште на плажа, повремено исчистете му го крзното од песок и истуширајте го за да му ја тргнете солта. Дома, без одложување треба внимателно да му го измиете крзното и целото тело. Така, кучето нема да има никакви несакани реакции, а и вашата соба или апартман ќе бидат чисти, без песок .

Особено внимание треба да обрнете на жешкиот песок. Ако и вие неможете да одите по него, бидете сигурни дека и вашиот миленик неможе, и ќе добие изгореници на шепите. За оваа прилика има специјализитани навлаки за шепите кои може да се најдат во секоја подобро снабдена продавница за миленици.

Добро е да се сместите поблиску до водата за полесно да се движи и шета по влажен песок. Задолжително миленикот да биде под сенка или под чадор, а најчесто обожува да ископа дупка под лежалка и да легне под вас во ладна и влажна дупка. Тоа им е вроден инстикт да копа дупка и да се смести во ладен песок по можност под вашата лежалка.  Не им ја расипувајте забавата кога тоа го прават и копаат дупки, но после напуштањето на плажата средете после вас.

Кога ќе ги имате на ум сите овие работи, ќе ви биде јасно дека одење со куче на одмор може да биде комплицирано. Но не се откажувајте. За подготовки со миленик за летен одмор прочитајте повеќе совети тука

 

Имаш прашање, критика или сугестија? Кликни на копчето и вклучи се во дискусијата на нашата ФБ страна!