НАЈГОЛЕМИТЕ ШЕЛТЕР ЦЕНТРИ ВО ГЕРМАНИЈА ВОВЕДОА ПРИВРЕМЕНА ЗАБРАНА ЗА ПОСВОЈУВАЊЕ НА ЖИВОТНИ ЗА ВРЕМЕ НА БОЖИКНИТЕ ПРАЗНИЦИ

Кучињата не се само подарок за под елка

Најголемите засолништа за животни во Германија забрани посвојување на животни пред претстојните Божиќни и новогодишни празници. Десетици шелтер центри за животни ширум Германија воведоа привремени забрани за вдомување на миленици со образложение за да спречат животните да бидат посвоени како Божиќни подароци,а потоа за неколку дена да бидат вратени во засолништата или дури да бидат фрлени на улица. Секој кој се надева дека ќе замине дома со ново милениче од засолништата пред празниците, посебно во поголемите градови Берлин, Хановер или Бремен, нема да може тоа да го направи до Нова Година. Арвид Посекел од шелтерот во Хановер, изјави за германскиот радиодифузер “Дојче веле” дека, миленичињата не се само за Божиќ.
“Привременото стоп за посвојување е поставен за животните да не завршат под елка, бидејќи животните едноставно не се подароци”, рече тој и додаде дека посвоените миленици треба да бидат членови на семејство. Поддржувачите на забраната стравуваат дека животни може да се купат како подарок, понекогаш и без консултација со семејството.

Засолништето во Хановер, каде работи г-дин Посекел, се грижи за околу 4.200 животни секоја година. Засолништето во Бремен оваа година зема околу 1.100 животни и успешно се откажа од 1.000 за посвојување, но се уште е дом на околу 500.
“За жал, првите вдомени животни се напуштаат дури и на Бадник”, изјави Габриеле Шваб, од засолништето за животни во Бремен. “Ако навистина сакате да му подарите на некого милениче, тогаш можете да одите во засолниште пред празниците или во Јануари, но не треба тоа да го направите два дена пред Божиќ”.Треба да се земе во обзир дека посвоените животните што доаѓаат во домот за време на празниците поминуваат во стресни ситуации бидејки и сопствениците за празниците се во некој вид на стрес. Генерално луѓето за време на празниците имаат малку време да им помогнат на своите миленичиња да се смират и да се адаптираат во семејството.Семејствата кои имаат намера да вдомат животно сѐ уште можат да ги посетат засолништата со привремена забранa, да бидат посоветувани и да добијат информации, но да почекаат по празниците да си го земат миленичето дома.”Сосема искрено, оние луѓе кои не не разбираат, не ги сакаме”, рече г-ѓа Шваб.

Имаш прашање, критика или сугестија? Кликни на копчето и вклучи се во дискусијата на нашата ФБ страна!