Кучињата можат да ги прочитаат нашите емоции!

Многу сопственици на кучиња забележале и веруваат дека нивните миленици можат да им го почувствуваат расположението и емоциите, дали се тажни, лути, весели и други емоции кои се својствени за човекот. Но научниците
сега докажаа дека кучињата навистина можат да ги препознаат емоциите кај луѓето.
     
Истражувачите откриле дека со комбинирање на податоци од различни сетила, кучињата формираат апстрактни ментални претстави на позитивни и негативни емоционални состојби кај уѓето. Пред се, научниците кои долги години се занимаваат со вакви истражувања докажаа дека кучињата можат да разликуваат разни изрази на лицето кај луѓето.
Сепак, тоа не е исто како што ние ги препознаваме емоциите кај други луѓе . Според истражувањата на д-р Кун Гуо од универзитетот Линкон во Велика Британија , со првиот емпириски експеримент докажал дека кучињата можат
да интегрираат визуелни информации за да ги разберат или разликуваат човечките емоции, како и емоциите на други кучиња.

Научни експерименти

Експериментите биле спроведени од тим на психолози и експерти за однесување на животните на Универзитетот Линкон во Велика Британија, како и на Универзитетот во Сао Паоло, во Бразил. Одредени слики и звуци кои пренесуваат позитивни или негативни емоционални изрази на луѓе им се претставени на недресирани домашни
кучиња. Научниците користеле португалски и британски кучиња, така што тие не го препознавале јазикот со кои им било зборувано.
Научниците сакале да одредат дали кучињата можат да ја проценат емотивната содржина на човечкиот глас и дали навистина ќе ги препознаат емотивните информации во нив.
Резултатите, објавени во списанието Royal Society Le’ers, откриле дека кучињата подолго време гледале во изразите на лицето на луѓето кои се совпаѓале со емоционалната состојба на вокализацијата, односно со тоа што
им го зборувале. Утврдено било дека кога кучињата слушаат позитивни звуци, тие подолго гледаат во позитивни изрази на лицето на луѓето. Кога ги слушаа негативните звуци, тие исто така гледаа на негативните и лути лица на луѓето.
Студијата покажува дека кучињата можат да интегрираат два различни извори на сензорни информации во перцепцијата на емоциите кај луѓето и кучињата. Ова значи дека кучињата мора да имаат систем на внатрешна
категоризација на емоционалните состојби.
Истражувачите веруваат дека можноста да се комбинираат емоционални знаци може да биде својствена за кучињата. Со ваквото детектирање на емоциите, кучињата , со текот на генерации се пропитомиле и станале дел од човековото живеење и се социјализирале како сопатници на луѓето низ историјата.
Сигналите што ни ги даваат кучињата треба да бидат знак дали треба да смениме нешто во пристапот, да му помогнеме на кучето и на време да избегнеме конфликт. Со многу трпение и љубов но и внимателно набљудување и разбирање на сигналите што ни ги праќа преку однесувањето, на кучето можеме да му помогнеме и кога се работи за физички малтретирано куче но и за анкциозност кај миленикот.
За тоа како да ги препознаеме тајните сигнали на нашиот миленик прочитајте повеќе тука. 

Имаш прашање, критика или сугестија? Кликни на копчето и вклучи се во дискусијата на нашата ФБ страна!