Унгарските научници уште пред неколку години спровеле детални споредбени проучувања следејќи ја активноста на човечкиот и кучешкиот мозок. Биле испитувани и тестирани 200 различни звуци врз луѓе и кучиња.
За прв пат во историјата на науката, во својата студија, д-р Атила Андих и неговите соработници испитувале 11 кучиња кои ги научиле мирно да легнат во МРИ скенер за испитување на мозок, што овозможило да се спроведе истиот невро-магнетски експеримент врз луѓе и кучиња.
Тимот на унгарските научници откриле дека кучињата во мозокот обработуваат социјални информации користејќи сличен механизам како и луѓето, односно во мозокот на кучињата емоциите се активираат од звук, на сличен начин како и кај човекот.
Во овој експеримент учествивале кучињата кои биле мирни и спокојно и без некои хемиски средства прифатиле да бидат ставени на скенер МРИ, исто како и луѓе кои учествувале во истите истражувања. Притоа им биле пуштани разни звуци. Со ова истражување на невро магнетскиот експеримент, несомнено, научниците утврдиле зошто кучето е најдобриот пријател на човекот веќе 30 000 години.
Компаративната студија за човечкиот мозок и мозокот на куче, покажала дека кучињата реагираат на емоцијата во гласот на ист начин како што прават луѓето, Разликата е дека човекот и кучето имаат само различни регии во мозокот за препознавање на гласот и звуците.
Унгарскиот научник Атила Андих, кој го водеше ова истражување, тврди дека луѓето и кучињата имаат слично социјално опкружување и дека – како што покажува студијата – тие користат слични мозочни механизми за обработка на социјалните информации и дека човекот и кучето се разбираат меѓусебно и комуницираат благодарение на овие слични механизми во мозокот веќе 30.000 години.