Колку спијат и што сонуваат кучињата?

Поголемите раси на кучиња поминуваат повеќе време во спиење и дремење за разлика од помалите раси кои се поактивни

Кучињата како и луѓето ги сонуваат работите што ги доживеале дента додека биле будни, имаат мирен и немирен сон во зависност од тоа дали имале позитивни или негативни искуства и доживувања со сопственикот и околината. За жал и кучињата патат од несоница

И кучињата сонуваат

Целиот научен совет се согласува дека сонувањето е одраз на свеста и доживеаните искуства за време на свесната состојба. Значи можеме да заклучиме дека кучињата имаат ист вид свест, како и луѓето, па затоа можат да сонуваат. Сензорните стимулатори се главните предизвикувачи на соништата и се одговорни за т.н. преработка на дневни настани. Соништата на кучињата се интензивни и многу реалистични за нив. Но сонувањето кај кучињата како физиолошки феномен во научната јавност засега останува мистерија.

Се уште има многу непознаници за соништата на кучињата и многу контроверзии во научната заедница, како и начинот на кој се формираат соништа. Но се знае дека помали кучиња имаат поинтензивни и пократки соништа, додека поголемите кучиња се помирни кога сонуваат и подолго спијат.

Физиолошка улога на сонот е да го одмори и регенерира телото и целиот организам. Притоа телото е подготвено за нови секојдневни активности. Тековните научни толкувања за сонувањето се движат во сферата на свесното и несвесното, во мозокот.

Сонот како одмор

Кучето е дневно активно животно, како што е активен и човекот, па поголем дел од денот го поминува активно и будно. Кучето спие навечер како и човекот и му треба сон да се релаксира од секојдневните активности и да го регенерира телото. Спиењето е неопходно и од големо значење за нивното здравје и за менталната стабилност.

Во просек, кучињата спијат 14 до 16 часа на ден, а малите кученцата и постарите кучиња можат да спијат повеќе. Исто така, забележано е дека поголемите раси на кучиња поминуваат повеќе време во спиење и дремење, во споредба со помалите раси кои се поактивни.

Мозочна активност

Со помош на ЕЕГ (електроенцефалограм) е докажана иста мозочна активност на кучињата и луѓето за време на спиењето. И физиолошките знаци се исти: позабрзано и поплитко дишење, брзо движење на очите под капаците лево и десно. Кратко потоа, се појавуваат неволни движења на шепите, како да оди или како да трча. Кучето исто така сонува како лови и некогаш во сон фаќа ловечка поза. Исто така сонува како си игра со сопственикот со топче кое сака да го фати и скока во сон.

Многу кучиња додека спијат или лаат, или завиваат или цвилат што е знак дека сонуваат и ги преживуваат настаните од дента кога биле во свесна состојба. Ако тоа го прават многу интензивно и често тоа значи дека имаат кошмарни соништа како резултат на стресот што евентуално го доживеале дента.

Навики

И научниците и сопствениците на кучиња знаат дека тие имаат свои навики за време на спиењето – омилено место за спиење и за одмор, како и положба на кучето додека спие. Најчеста положба во која спие кучињата е на грбот. Оваа позиција им помага да ги одморат внатрешните органи и да го успорат метаболизмот.

Исто така, бидејќи сонот кај кучињата им ја зголемува телесната температура до 0,5 степени, оваа поза му помага на куче полесно да се излади. Тоа е многу важно да се знае бидејки секоја промена кај кучето кога спие, може да укаже на здравствени нарушувања и појава на стрес предизвикани од надворешни дразби. За секоја промена кај кучето додека спие, треба да се консултирате со ветеринар.

И кучињата патат од несоница

Поради загриженост и кај кучињата се јавува несоница. Една неодамнешна научна студија спроведена во Унгарија и објавена во списанието The Royal Scientific покажува дека кучињата имаат проблеми со спиењето, особено кога се под стрес. Исто како и луѓето, и кучињата се вознемируваат поради разни непријатни ситуации и не можат да спијат мирно. Ако пред спиење кучињата добиваат позитивна енергија и убави и смирени зборови од сопствениците тогаш мирно спијат и убаво сонуваат. Но ако емоциите се негативни и ако кучето се сретне со непознат човек кој страшно изгледа и му праќа негативни зборови кучето е под стрес, не може да заспие или пак има лесен и немирен сон. Затоа сопствениците треба да се погрижат да не го изложуваат својот миленик на стресни ситуации посебно пред спиење.

Природно е за кучињата да се плашат од гласни звуци. Гласните звуци влијаат на нивниот нервен систем и можат да се вознемирени и многу да се исплашат. Тие обочно бегаат во спротивна насока од каде доаѓа бучавата а тоа е нивниот вроден механизам за преживување. Повеќе за тоа како да го заштитите вашето куче од гласни звуци прочитајте тука. 

 

 

Имаш прашање, критика или сугестија? Кликни на копчето и вклучи се во дискусијата на нашата ФБ страна!