Кое куче најдобро одговара на вашиот хороскопски знак

Астролозите откриваат кој е вашиот идеален четвороножен пријател …

Сонувате за верен придружник со четири нозе? Ако сакате да шетате на свеж воздух и мислите дека ќе имате доволно време да се посветите на тоа, само напред. Кучето е идеален пријател, но и голема обврска. Меѓутоа, при изборот на раса, немојте само да размислувате за изгледот. Кучето треба да одговара на вашиот животен стил, исто како што и вие треба да се прилагодите и карактерно да му одговарате на вашето куче

Затоа претходно информирајте се за карактеристиките на одредени раси на кучиња, за подоцна да бидете идеален тим. Покрај тоа, астролозите препорачуваат да погледнете која раса совршено одговара на вашиот хороскопски знак.

Ова се совети како да си изберете куче според вашиот хороскопски знак, но немојте да се двоумите и кога сакате да вдомите миленик без педигре, бидејки мешанците ги имаат сите добри карактеристики на расите од кои со вкрстување се родиле, а немаат сопственик. Тие кучиња подобро ќе се вклопат со вашиот карактер и навики и ќе ви бидат бескрајно и безусловно благодарни со многу љубов и лојалност.

Водолија

Личностите родени во хороскопскиот знак на Водолија се независни, но исто така страсни, игриви и љубопитни личности. Совршениот кучешки партнер исто така треба да биде со таква природа. Ирскиот син териер би бил идеален избор за водолиите. Оваа раса е со средна големина, многу интелигентна и нежна. Бидејќи овие кучиња не се митарат, тие се идеални за семејства во кои има алергии.

Риба

Што се однесува до Рибите, тие најчесто се уметнички определени личности, сочувствителни и интуитивни. Идеална раса за овој хорослопски знак е куче од расата Персиски хрт Грејхунд. Ова ориентално куче е брзо, издржливо и има горд став. Тој е исто така многу пријатен придружник.

Овен

Овните се раѓаат како лидери , оптимисти се и ги краси храброста. Доберманот е идеален избор, но и бранител кога е потребно. Кој може да чува и да го води ова куче, има внимателен и импозантен партнер на своја страна.

Бик

Луѓето родени во хороскопскиот знак Бик се верни, љубезни, одговорни и сакаат стабилност. Тибетскиот териер – раса што сака друштво и безусловно го следи сопственикот, е идеална одлука. Верните и послушни кучиња се и разиграни и нежни и се сигурни придружници како во градовите, така и во селата.

Близнаци

Близнаците се прилагодливи, љубезни и љубопитни. Покрај тоа, тие се над просечно активни луѓе и им треба слично куче миленик. Хаските им се идеални придружници. Неколку часови на ден трчање и дружење кај оваа раса се задолжителни активности.

Рак

Луѓето родени во овој хороскопски знак се чувствителни и често ги следат нивните емоции.Тие имаат и големо разбирање за другите луѓе. За нив, идеалното куче е Пит Бул. Иако кон оваа раса има предрасуди и ја прати лош глас, всушност на кучињата од расата Пит Бул му е потребен вистинскиот лидер, и во тој случај овие кучиња се многу верни и лојални на сопственикот.

Лавот

Луѓето родени во знакот на Лав се сметаат за забавни и способни. Совршено куче за нив е од расата Мопс. Овие кучиња се многу прилагодливи и секогаш се расположени да го развеселат сопственикот. Ова им успева пред се поради тоа што ги краси разиграноста и радоста што ја шират во неограничени количини.

Девица

Девиците се вистински мајстори за планирање. Работат многу но и со задоволство, а многу се организирани. На девиците им одговара куче миленик кое не им го нарушува нивниот ред и се прилагодува на секојдневниот живот. Англискиот булдог е идеално куче за нив. Ова куче е темпераментно кога е потребно, но не му пречи да помине и мрзливо попладне и да се одмара.

Вага

Личностите родени во Вага се кооперативни, ја сакаат природата и пред се ги краси искреноста. Тие совршено се надополнуваат едни со други со куче кое сака долги излети и патувања и има оригинално срце и волја да бидат заедно. Џек Расел Териер е идеално куче за нив. Овој миленик може со саати да трча и да шета по ливади и шуми и сака да игра и да се забавува.

Шкорпија

Родените во знакот на Шкорпија, сакаат да се наметнат и сакаат да водат. Идеална раса на куче за нив е брадестиот Шкотски овчар. Тоа е интелигентно куче, пријателски настроено но и послушно.

Стрелец

Личностите родени во знакот на Стрелец се желни за авантури, љубопитни и дарежливи. Златниот ретривер е идеално куче за Стрелеците бидејки ова куче ги има сите карактеристики на сопственикот.

Јарец

Луѓето родени во Јарец се одговорни, самоуверени и сакаат да бидат независни. Одличен придружник за нив е кучето од расата Шиба ину. Оваа јапонска раса е многу слична на волкот и се однесува слично. И ова куче сака да биде независно но е многи интелигентно и снаодливо во разни ситуации.

Имаш прашање, критика или сугестија? Кликни на копчето и вклучи се во дискусијата на нашата ФБ страна!