Кога на кучињата им се потат шепите

Kучињата кога оставаат водени трага од шепите зад нив, а претходно не чекореле по вода, значи дека им е многу топло и нивните перничиња на шепите им се потат. Тоа е знак дека на жешкото сонце на кучињата, посебно на напуштените, треба да им помогнеме и да ги спасиме

Промени во однесувањето – дезориентација, неконтролирано вртење на очите лево – десно, замор, прекумерна задишаност, летаргија и повраќање, се знаци на топлотен удар.

Кога ние тешко дишеме и едвај стоиме поради жештина на воздухот и силното сонце, кучето брзо дише, оди полека, не е расположено за подолги прошетки, ниту пак е гладно. Повеќе сака да се скрие под дебела сенка и да мирува, и навистина му треба многу вода.

Кога кучињата оставаат водени трага од шепите зад нив, а претходно не чекореле по вода, значи дека им е многу топло и нивните перничиња на шепите им се потат. Тоа е знак дека на жешкото сонце на кучињата, треба да им помогнеме и да ги спасиме.

Жешкиот асфалт им ги гори шепите

Не треба да ги шетаме кога топлината е најсилна, бидејќи и асфалтот е жежок и може да предизвика изгореници на шепите, и да добие топлотен шок. Веднаш штом ќе ги забележите симптомите предизвикани од жештината треба кучето да го ставите под сенка, да му дадете да пие ладна вода и да го испрскате со вода. Оставете го да лежи на ладен бетон или друга ладна подлога, природно да се олади.

Кога кучето само ќе се придвижи веднаш однесете го дома и оставете го да се одмори. Ако не се реагира навремено, кучето може да страдаат од топлотен удар. Ако кучето се онесвести или пак од носот почне да му тече крв итно однесете го на ветеринар за да му го спасите животот.

Шетајте ги наутро и доцна навечер

Но, за да се спречат несаканите симптоми на топлотниот удат кај милениците, кучињата во лето шетајте ги во раните утрински часови и доцна во ноќта. Почесто давајте им свежа вода да пијат, оладете ги со сунгер или натопена со вода крпа, посебно под и зад вратот, нека лежи на ладен, влажен бетон, а понекогаш испрскајте ги со вода од црево.

Сопствениците е најважно да знаат дека милениците не смеат да ги остават директно на сонце, или во автомобили, “само да скокаат” во продавница. Ако надворешната температура е 30 степени, во автомобилот на сонце е 60 степени за само неколку минути.

Кучињата не ги стрижите сами, ќе им изгори кожата

Сопствениците на долговлакнести и поларни раси на кучиња често прават грешка и самоиницијативно ги стрижат до кожа, со намера да им ја олеснат жештината. Но ова е погрешно и кобно за нивните миленици. На кучињата влакната им се природен изолатор за топлина.

Ако на своја рака ги стрижете милениците вие им го одземате нивниот природен одбранбен систем против топлина. Во овој случај, миленикот ќе добие изгореници, алергии, лупење на кожата.

Затоа ако сакате да му ги потскратите влакната на вашето куче, тогаш задолжително однесете го кај грумер-мајстор кој стручно ќе го среди крзното на вашиот миленик. Вие редовно треба да го четкате вашето куче посебно во летните месеци.

Булдозите и боксерите, се начувствителни на топлина и лесно можат да се прегреат. На кучињата што сакаат да пливаат треба да им дозволите тоа да го прават. Во случај на пливаат во река, тие треба потоа да ги измиете со чиста вода, поради подложност на кожата на различни егземи.

Оние кучиња кои не сакаат вода не треба да ги малтретирате за да влезат во неа. Влегувањето во вода на кучето треба да му причинува задоволство и уживање, а не стрес и страв. Затоа треба да им биде овозможено полека да го надминат стравот од вода. Миленикот не го терајте со сила или не ги фрлајте насилно во вода. Траумите од лошото искуство влијае на психо-физичкото здравје на кучето.

Вода – помош на напуштените кучиња

На незгрижените животни кои цел ден го поминуваат на жешкиот асфалт мора да им помогнеме. Секогаш треба да им оставиме ладна и свежа вода насекаде каде што престојуваат и минуваат.

Со малку напор и волја наполнете им вода во садови на места под сенка, пред згради и насекаде низ градовите. Од истата вода можат да пијат и незгрижените мачки, кои најтоплиот период во денот обично го преспиваат скриени под сенка, па и птиците кои во лето тешко доаѓаат до вода.

Топлината не создава агресија

Кучињата поради тропските температури немаат проблем со однесувањето, како луѓето кои на жешко време се нервозни. Кога е надвор жешко, кучињата се неволни, успорени, и не се хиперактивни. Нивното тело ги намалува сите процеси.

Можна агресија може да настане поради некоја непријатност или болка, ако минувачи ги клоцаат и тепаат, ако ги влечеме и насила ги тераме да се движат. Тоа за нив претставува стрес.

Тропските температури во лето се многу поопасни за кучињата отколку за луѓето, бидејки милениците немаат систем за ладење на организмот и телото, па многу е важно да им пружиме прва помош при топлотен удар сончаница, бидејки тоа е пресудно дали ќе преживеат без последици. За прва помош при топлотен удар прочитајте повеќе тука.

Имаш прашање, критика или сугестија? Кликни на копчето и вклучи се во дискусијата на нашата ФБ страна!