Кога ќе си вдомиме куче миленик следно што треба да направиме е да му дадеме име кое треба да го носи до крајот на животот. Мора да признаете дека тоа не е баш лесно бидејќи треба да внимаваме пред се кучето да го прифати како негов знак на распознавање, да реагира на него, да се идентификува со него.
Името на кучето му го избираме ние и затоа треба да имаме на ум неколку детали, иако најчесто се трудиме името да се совпадне со карактерот и изгледот на миленикот. Во спротивно нашиот миленик ќе изгледа смешно и пред нас но и во околината.
Кога избирате име за вашето куче, и да е мажјак и да е женка, треба да знаете дека кучињата многу подобро ги слушаат и реагираат самогласките отколку согласките во јазикот. Неговото име теба да биде јасно и не премногу долго, за да не го збуните вашето куче.
Исто така, важно е името на вашето куче да не биде слично со командите на кои треба да го навикнувате, бидејки кучето секогаш ќе биде збунето. На пример името Теди многу е слично со командата – Седи.
Доколку веднаш не можете да му изберете име на вашиот миленик ви препорачуваме извесно време да го набљудувате неговото однесување и карактеристики како и неговиот надворешен изглед. На пример Маза или Туфничка, но од вас зависи колку ќе бидете оригинални и инвентивни во изборот.
Сепак направете список на имиња кои ви се приоритетни но не ги заборавајте карактеристиките и изгледот на миленикот. Потоа разбирливо на глас кажувајте ги имињата и набљудувајте ја реакцијата на кучето. Бидете сигурни дека и кучето ќе реагира и самото може да си го одбере вистинското име.
Но бидете внимателни ако вдомите куче кое веќе има име, иако не е препорачливо да му дадете ново име сепак можете тоа да го направите но бидете трпеливи бидејки за тоа ќе ви треба подолго време.
Интересно е дека некои сопственици на своите миленици им даваат имиња од цртани филмови, имиња на глумци, пејачи, писатели и на други јавни личности. Исто така и според бојата на крзното, Жолтко, Белка, Снешко, Смешко и други слични имиња, но за вкусовите не се дискутира.
Еве го нашиот избор за најубави женски имиња за куче
РЕА – име од античката митологија. Вака се нарекувала мајката на богот Зевс но и волчицата – мајка која ги одгледала Ромул и Рем од римската митологија а во превод значи – онаа која тече, па ова име му прилега на силно куче.
ЛУНА – Име на римската божица на месечината. Ова име е мистично и носи среќа.
АСТРА – име на ѕвезда и ова име им се дава на силни кучиња со посебен карактер и се физички силни.
АСКА – Античко име кое значи весела и мила. Ова име му прилега на мало куче кое е весело и мило.
МАЗА – име од цртаниот филм Маза и Луња, а му прилега на миленичка која е префинета, нежна и сака да се милува.
ДОРА – име со латинско потекло а во превод значи божество и подарок-дар.
УНА – име од латинско потекло а во превод значи единствена. Му прилега на миленичка која за вас е посебна и по карактер и по изглед.
НАНА – име на бернардинецот-дадилка од цртаниот филм за Петар Пан, големо, нежно и мирно куче па нема на згрешите ако на вашето куче ако е посебно внимателно и се сложува со деца да му го дадете ова име.
АРИА – Во Арамејскиот и хебрејскиот јазик ова име значи Лавица. Ако имате куче кое по карактер е храбро, бестрашно со раскошно крзно и силен изглед дајте му го ова име.
ТАЛИЈА – име на божество кое носи среќа, цветање и е од антиката. Ако верувате дека вашата миленичка ви носи многу среќа и радост дадете и го ова име кое звучи убаво и отмено.
Имињата ДОНА, МИНИ, ТАРА, ФИФИ, МОНА, НИКИ, КАЛА, ХЕРА, КОКО, РОЗИ, ЕЛЗА, ДИВА, АГАТА, МАША, ХОЛИ, САШКА, АВА, ЕТА, ЛАНА, и други се исто така соодветни и убави за вашата миленичка. Ваше е само да одберете уникатно и соодветно име кое гордо ќе го носи целиот живот.
Најубави машки имиња за куче
Имињата за мажјаците без разлика на која раса припаѓаат или пак се мешанци, секогаш звучат посериозно, што не значи дека нивното однесување е секогаш посериозно од однесувањето на женките.
СКАЈ – ова е име за разиграно и активно куче а во превод значи небо. Ако имате вакво младо кученце со слични особини, ова име е вистински избор за вашиот миленик.
ФЕЛИКС – име со латинско потекло а значи среќа, радост и успех. Иако ова име е карактеристично за мачори сепак често името го носат и кучиња кои се мали, разиграни и активни и насекаде каде што ќе се појават носат среќа и секогаш не засмејуваат.
ЛОКИ – според нордиската митологија името го носи кралот на огнот , со убав изглед но застрашувачки карактер. Бил тврдоглав, упорен и многу бесен кога ќе се налутел. Ако имате куче со слични особини можете да му дадете вакво име.
АРТУР – име со келтско потекло и легендарна приказна за англискиот крал Артур.Во превод значи силен како мечка. Ова име им одговара на крупни, интелигентни и мускулести кучиња, со раскошен изглед и убаво крзно.
РЕКС – често име за куче и значи прилагодливост, внимателност а потекнува од Англиското говорно подрачје.
БАДИ – Филмско име за куче, внимателно со деца и со возрасни. Ова име е звучно и кучињата убаво реагираат на него.
ХУГО – име од германско потекло а во превод значи ,разумен, интелигентен, досетлив. Ако вашето куче има вакви особини ова име е вистински избор за него.
ЛЕО – име со латинско потекло и значи лав. Ова име им прилега на кучиња кои наликуваат на лавови или пак имаат достоинствено однесување, став и одат како кралот на џунглата.
АСТОР – Ова звучно име во превод значи, среќен, великодушен, темпераментен. Им прилега на покрупни кучиња кои се одликуваат со нивниот уникатен темперамент.
ЖОЛТКО – ова име најчесто го добиваат кучиња со жолтеникави влакна
Имиња за мажјаци кои исто така се популарни и им ги даваме на нашите миленици се- РОКИ, МИКИ, АРЧИБАЛД (АРЧИ), МАКС, БИГИ, ДАГАР, ИТАН, МАЈКИ, ТЕДИ, КОКО, ЛОРД, СПАЈК, ОСКАР(ОЗИ), ДРЕКС и многу други имиња кои само ние можеме да им ги дадеме на нашите миленици. Сепак внимавајте кога избирате име за вашето милениче бидејки тоа ќе го носи целиот живот.
Изборот на расата на куче како ваш миленик многу кажува какви сте вие и какви карактеристики ве красат. Верувале или не вие инстинктивно одбирате која раса на куче ќе биде ваш миленик и меѓусебе ќе остварите комуникација и здрава и убава дружба во животот. За изборот на различните раси на миленик и поврзаноста со вашиот карактер прчитајте повеќе тука.
–