Како да го научите кучето да не мокри по дома?

Ако кучето и покрај стекнатите хигиенски навики нуждата да ја извршува надвор од домот, повторно почнува да мокри по дома , тогаш постојат многу причини за неговото однесување

Кога имате куче дома треба да сте спремни дека вашиот миленик може да предизвика и неред во домот и да остава локви по дома. Понекогаш тоа може да биде многу фрустрирачки посебно ако возрасно куче постојано се мокри во вашиот дом. Несоодветното мокрење е проблем што треба да се реши брзо без одложување.

Здравствени проблеми

Првиот чекор е да се дознае зошто вашето куче се мокри по дома. Постојат неколку различни причини за тоа. Пред тоа треба да се знае дека мокрењето на кучињата дома обично се случува во период кога малото кученце расте . Ако вашето куче е младо, тренингот за стекнување на хигиенски навики може да потрае, и можеби ќе треба и да се едуцирате за да биде успешено одвикнувањето од оваа навика. Но ако кучето и покрај стекнатите хигиенски навики нуждата да ја извршува надвор од домот, повторно почнува да остава локви од мокрача по дома , тогаш постојат и други потенцијални причини.

Од суштинско значење е да се исклучат здравствените проблеми пред да се разгледаат причините зошто кучето мокри дома. Ако вашето зрело куче повторно започне да моча дома, постојат неколку медицински и бихејвиорални причини кои би можеле да бидат причина за таквото однесување.

Проблеми со уринарниот тракт

Ако вашето куче одеднаш почне да се мокри дома (или други неприфатливи места), тоа може да е предизвикано од инфекција на уринарниот тракт. Пред да се разочарате од вашето куче, одете кај вашиот ветеринар на преглед и консултација. Вашиот ветеринар, најверојатно, ќе сака примерок од урина од вашето куче за да изврши анализа на урината. Овој тест е поради присуство на бактерии и абнормални клетки во урината.

Ако вашиот ветеринар дијагностицира инфекција на уринарниот тракт, кучето треба да прими антибиотска терапија. Други можни проблеми се циститис (воспаление на мочниот меур), кристали во урината или камчиња во мочниот меур. Повеќето уринарни проблеми можат да се третираат со лекови, додатоци или промена на исхраната. Во екстремни случаи, камчињата во мочниот меур може да бараат хируршка отстранети. Ако вашиот ветеринар не најде проблем со уринарниот тракт, следниот чекор е да барате други потенцијални причини.

Невообичаени здравствени проблеми

Уринарната неконзистентност често се поврзува со постарите кучиња, но можно е кучето да развие неконзистентност како младо или возрасно куче. Ако на вашето куче му протекува урина во неговиот кревет или на подот за време кога дремнува, неконзистентноста може да биде виновникот. Важно е да знаете дека вашето куче не сфаќа дека тоа се случува и нема контрола врз тоа. За среќа, неконзистентноста често може да се третира со лекови.

Од друга страна, ако вашето куче свесно моча големи количини мочка на несоодветни места , тоа веројатно не е неконзистентност. Разговарајте со вашиот ветеринар за да дознаете повеќе. Одредени здравствени проблеми може да доведат до уринарни проблеми, како што се болести на бубрезите, дијабетес мелитус, дијабетес инсипидус и Кушингова болест.

Вашиот ветеринар може да препорача дополнително дијагностичко тестирање за да се исклучи една или повеќе болести, во зависност од другите симптоми на вашето куче, доколку ги има. Третманот ќе зависи од дијагнозата.

Стари кучиња

Староста кај кучињата може да предизвика и други причини за неконтролно мочање. Форми на деменција или сенилност може да се појават кај старите кучиња, што доведува до мокрење по дома. Овие кучиња може да заборават на хигиенските навики или едноставно да заборават каде се. Другите здравствени проблеми, како што е откажување на бубрезите, имаат тенденција да се појават и во староста. Ова е уште една причина за вашиот ветеринар да се вклучи и да се обиде да го реши или барем да го ублажи проблемот.

Во некои случаи, деменцијата може да биде донекаде контролирана со лекови и додатоци. Многу луѓе кои живеат со постари кучиња кои имаат проблеми со уринирањето , исто така, одбираат да користат кучешки пелени или да постават апсорбирачки перничиња на постелнината на кучето и другите места во домот.

Проблеми со однесувањето

Откако вашиот ветеринар ќе ги отфрли сите здравствени проблеми, веројатно е дека вие и вашето куче се соочувате со проблеми во однесувањето. На пример, некои кучиња, особено машки ја обележуваат територијата. Друга можност е дека вашето куче може да биде вознемирено од нешто или од некој. Испитајте ја ситуацијата во вашиот дом за да одредите дали нешто во околината можело да предизвика вакво однесување кај вашето куче. Дали неодамна сте додале ново милениче дома? Или пак принова во семејството-бебе? Дали некој од семејството неодамна си заминал или починал? Кучињата се често многу чувствителни на овие видови на промени во средината каде што живеат. Можеби вашето куче видело друго куче, слушнало гласни звуци или видело нешто друго што го вознемирило.

Како да го запрете вашето куче да моча по дома

Што и да правите, не се откажувајте од вашето куче или не го давајте или пак не го напуштајте. Можете да го решите ова, можеби ви треба и дополнителна помош. Во меѓувреме, бидете трпеливи со вашето кученце и обидете се да направите еден или повеќе едноставни чекори за да му помогнете на кучето и заеднички да го решите овој проблем.

Повторно обучете го вашето куче и со тоа вратете го на хигиенските навики и пред се елиминирајте ги причините за мокрењето по дома. Идентификувајте го тригерот: Обидете се да дознаете што е тоа во околината на вашето куче што го поттикнува тоа да моча внатре. Елиминирајте го тоа ако е можно, и научете го вашето куче да живее со тоа што го дразни. Така можете да ја смирите анксиозноста на вашето куче.

Не го тепајте вашето куче кога мокри по дома

Не го удирајте или не му викајте по миленикот. Избегнувајте казнување или викање на вашето куче за мокрење во куќата. Ова, најверојатно, ќе има лошо влијание и наместо да научи дека уринирањето во куќата е погрешно однесување, вашето куче може да научи дека неговите сопственици се непредвидливи или небезбедни да бидат наоколу. Казнувајќи го вашето куче ќе предизвика да се плаши да уринира пред вас (дури и на отворено), што може да предизвика повеќе да мокри дома.

Избегнувајте да ја оставате полна чинијата со вода навечер после 9 часот. Доколку касно навечер кучето неконтролирано пие вода, може во текот на ноќта да неможе да издржи до утринското шетање и повторно да остава локви по дома.

По често вадење од дома на прошетка , во определено време исто така ќе помогне да ја промени навиката на мокрење и ќе научи да чека додека не го прошетате. Наградете го кеучето кога ќе измокри надвор, а најдобрата казна за неправилно однесување е неговото игнорирање и изоставување на наградата. Со малку поголема упорност ќе го одвикнете од оваа лоша навика .

Правилно и темелно чистење

Темелно исчистете ја секоја мочка што е можно поскоро со ензимски чистач кој го елиминира мирисот. Вие не сакате вашето куче да го препознае мирисот на урината и да мисли дека во затворен простор е прифатливо токму таму повторно да моча. Постојат и специјални спреови кои се прскаат на местата каде најчесто мочка вашето куче, со миризба која го одвраќе од мокрење на истото место. Се додека на определено место му мириса на мочка кучето ќе си го препознава мирисот и ќе го повторува истото место за вршење на неговата нужда. Затоа искоренување на секоја миризба од домот на урина е основен чекор за одвикнување од оваа лоша навика.

Стручна помош

Ако сте пробале сè и не можетет да направите било каков напредок со проблемот на вашето куче, размислете да ангажирате и да се консултирате со дресер за кучиња или бихејвиoрист кои ќе биде вклучен со консултација или чести сесии колку што е потребно за да се елиминира овој заеднички проблем на кучето и сопственикот.

Мирисот кај кучињата е 10.000 пати поразвиен од човекот, па затоа ќе го препознаат секое место каде што предходно измокриле. За тоа прочитајте повеќе тука. 

 

Имаш прашање, критика или сугестија? Кликни на копчето и вклучи се во дискусијата на нашата ФБ страна!