И кучињата знаат да кажат те сакам

Кога ќе се вратите дома, кучето е толку среќно како да не сте се виделе со децении. Скока и се радува околу вас, лае мафта со опашката и се однесува како да сака да излезе од сопствената кожа. Бидете сигурни дека на тој начин ви искажува љубов и приврзаност. Како ваши безусловни и најдобри пријатели кучињата ве сакаат, а својата љубов ја искажуваат на различен начин.

Секогаш сакаат да бидат со вас

Љубовта на кучето најдобро се гледа во неговата силна желбата секогаш физички да биде со вас, без разлика дали ви седи во скут, се потпира на вас или едноставно ве следи каде и да одите. Тие исто така имаат голема желба да спијат со вас. Ако кучето сака да спие со вас, тоа ви покажува дека сте дел од неговото семејство.

Нежно ве лиже

Кога вашето куче нежно ве лиже најчесто на раце и весело мрда со опашка и тело, тогаш тоа со сигурност ви кажува дека ве сака и ви е приврзано и верно. Исто така, постои уште еден многу јасен знак на љубов што многумина не го знаат. Тоа е кога кучето ќе легне и ќе се испружи пред вас иако не е изморено и поспано. Тоа е врв на искажување на љубов на куче кон сопственик. Оваа постапка на кучето е јасен знак дека искрено ве сака.

Кога се плашат кај вас бараат утеха и заштита

Грмење, пукање и возење во автомобили се чести стравови кај кучињата. Кога кучето бара од вас заштита кога ќе се најде во за него страшни ситуации, тоа е знак дека имаат голема доверба во вас. Бидејки кучиња можат да читаат различни човечки емоции и состојби, важно е да знаете дека треба да останете мирни кога кучето се плаши од нешто. Така и кај него ќе го намалите стравот и ќе му дадете доверба и подршка дека е безбедно. Кучето ќе знае да ви возврати со многу љубов и приврзаност, а во исто време ќе ви покаже дека ве сака безусловно.

Можеби мислите дека вашето куче е ваша своина, но треба да знаете дека и вие му припаѓате на кучето. Тоа значи дека кучето ве почитува и чувствува одговорност и сака да ве заштити. Кога ќе ви седне на нозете, кучето се однесува како да ви е тоа сопственик.

Ги обележува вашите нозе како своја територија. Но кучето со тоа не ви кажува дека само сака да биде до вас туку дека вие сте негов најблизок и дека мирисате на него. Ако може да зборува, еве што ќе ви каже вашето куче. Прочитајте повеќе тука

Имаш прашање, критика или сугестија? Кликни на копчето и вклучи се во дискусијата на нашата ФБ страна!