Зошто кучињата rрчат кога спијат

Колку пати сте го затекнале вашето куче удобно сместено во фотелја како спие и рчи на цел глас? Иако ова е симпатична слика некои сопственици не се баш многу среќни ако нивниот миленик и ноќе на цел глас рчи. Рчењето кај кучињата, како и кај луѓето, исто така може да укаже на некои здравствени проблеми. Зошто кучињата рчат и што треба сопствениците да направат во врска со оваа честа појава.

Блокада на дишните патишта

Рчењето и придружниот звук се јавува кога има некаква блокада на горните дишни патишта кај кучето. Оваа блокада може да биде било каде по должината на респираторниот систем, на носот до душникот. Воздухот не поминува нормално низ дишните патишта, нерамномерно се движи до блокадата и создава звук кој го препознаваме како ‘рчење. Постојат неколку фактори поради кои вашето куче ‘рчи, вклучувајќи ја анатомијата на устата и носот, затнат нос, инфекција, алергија, одредени лекови, дебелина на кучето а некогаш и положбата во која спие миленикот.

Кратка муцка

Расите на кучиња со рамен и краток нос често имаат структурни абнормалности кои влијаат на дишните патишта и протокот на воздухот , па затоа овие кучиња рчат. Раси, кои обично имаат проблем со дишењето и ‘рчење се: булдози, боксери, Бостон териер, пекинезери, мопс, ши-цу и други раса со рамни и куси муцки.

Дебелина

Дебелкото куче не е секогаш среќно куче. Само неколку екстра килограми може да предизвика зголемување на притисок на дишните органи и градите на кучето. Кај овие кучиња забележително е отежнато дишење и рчење кога спие. Прекумерните килограми може дури и да го прекине дишењето за време на спиење, што лошо влијае на работата на срцевиот мускул. Овој проблем на кучињата лесно се решава. Ставете го вашето куче на диета и зголемете ја неговата физичка активност.

Затнат нос

Кучето може да рчи ако е болно или има инфекција на носот, и дишните патишта не се целосно слободни. Носот на кучето може да биде блокиран поради алергија предизвикана од прашина, грињи или од чад од цигари. Ако сте пушач, редовно проветрувајте ја просторијата каде што спие кучето.Одржувајте хигинена на местото каде што спие вашиот миленик.

Лекови

Некои видови на лекови, како што се против болки или лекови за релаксирање на мускулатурата , може да влијаат на респираторниот систем, па дури и да ги стисне дишните патишта. Ако кучето е на терапија, рчењето може да се појави како несакана нуспојава, но по третманот и рчењето ќе престане.

Временски услови

Суваиот воздух може да предизвика рчење дури и кај кучињата што не се склони на тоа. Промените на надморска височина при патување со куче, па дури и осцилациите на надворешниот притисок, може да доведат до рчење.

Поза на спиње

Луѓето обично ‘рчат кога спијат на грб, но и кучињата рчат во зависност од тоа во која поза спијат. Кучињата кога спијат на грбот и стомак прават поголем притисок врз респираторниот тракт и рчат. Ако кучето спие на страна и со испружени шепи поретко рчи во сон. Но треба да знаете дека рчењето станува проблем ако кучето често се буди од сон, силно или неправилно дише или не може да земе воздух кога трча. Ова е причина да посетите ветеринар за да се консултирате и да му помоглете на вашиот миленик.

Кучињата како и луѓето ги сонуваат работите што ги доживеале дента додека биле будни, имаат мирен и немирен сон во зависност од тоа дали имале позитивни или негативни искуства и доживувања со сопственикот и околината. За тоа колку спијат и што сонуваат кучињата прочитајте повеќе тука.

 

 

Имаш прашање, критика или сугестија? Кликни на копчето и вклучи се во дискусијата на нашата ФБ страна!