ЗИМАТА И СНЕГОТ СЕ ТУКА! ВРЕМЕ Е ЗА НЕКОЛКУ ДОБРИ СОВЕТИ ЗА СНЕГОТ И ВАШИТЕ КРЗНЕНИ ПРИЈАТЕЛЧИЊА!

Како да биде вашето куче здраво и среќно на снег и за време на исклучително ладно време!

Еден од најсреќните моменти во зима е играње со вашето куче на снег. Ако сте љубител на снег и игра со вашето крзнено пријателче или ги сакате долгите прошетки со вашето куче овие совети ќе ви помогнат како да биде вашето куче здраво и среќно. Најдоброто време за прошетки е кога има сонце. Тоа е поради фактот што не само што заедно ќе уживате на убавото и сончево време, туку и заедно ќе уживате во дозата Д ВИТАМИН, кој е познато дека го појачува имонолошкиот систем. Затоа поминувајте што повеќе време надвор во природа и на сонце со вашиот миленик.

Зимски прошетки и снежни игри со вашето куче

Генерално, се смета дека студеното време и снегот не се пречка за секојдневни прошетки како за возрасните кучиња така и за младите кученца бидејки тие посебно сакаат да играат на снег. Исто така кучињата сакаат да се пикаат и да се перпелкаат во снегот но и да го јада и да го лижат. Честопати сме сведоци да ги вадат јазиците и да ги ловат снегулките. Се разбира, ова не треба да е претерано и не треба на кучето да му се дозволи да јаде снег, бидеји ако ова кучето го прави без контрола може да настине, да добие висока температурата на телото и да му се влоши општата здравствена состојба. Исто така под снегот може да се крие отров или разни хемикалии и антифриз кои се опасни за кучињата. Пред прошетките во урбана средина задолжително ставете му маска. Иако тоа не е пријатно за кучето сепак е голема заштита за неговото здравје. Кучето треба постепено да се навикнува на зимските прошетки. Во текот на зимските месеци, постои зголемен ризик вашето куче да се разболи, посебно ако е чувано дома. Слаби точки на домашните миленици се нивните шепи но и ушите, особено ако кучето престојува долго на отворено, бидејќи кучињата кои живеат во стан не се прилагодени на долг престој на ниски температури. Кучињата со долги влакна се повеќе отпорни на ниски температури од оние со куси влакна кој треба да се заштитат со специјална облека и да се прават покуси и почести прошетки. Без оглед на пониските температури и снегот, кучињата треба да одат секој ден на прошетки. Ако забележите дека кучето се тресе тоа е знак дека му е ладно. Тогаш скусете ја прошетката а по враќањето дома внимавајте на хигиената на шепите и влакната. Важно е да ги измиете со топла вода за да го отстраните снегот и мразот на шепите како и нечистотиите, антифризот и солта од коловозите. Тоа може да предизвика иритација, испукани шепи и болка.

ПОДГОТВЕТЕ ГО КУЧЕТО ЗА ЗИМА СО ПОСТЕПЕНО ПРИЛАГОДУВАЊЕ

Зимата донесе ниски и минусни температури, снег а со тоа и мраз кој што може да ги оштетат шепите и кожата на вашето куче. Кусите прошетки за домашните миленици се сосема безопасни. Дајте му време кучето постепено да се прилагоди на минусните температури со повеќе кратки прошетки. Со постепено зголемување на времето поминато надвор заедно ќе уживате во зимскиот снег. Ако кучето нагло и долго време се шета и игра во снегот може да се појави иритација и расцеп на перничуњата на шепите и непотребна болка. Затоа е време да се подготвите и да го заштитите вашето куче, а потоа да уживате во заедничките прошетки во зимскиот период.

ПОВЕЌЕ ВОДА И ТОПЛА ПОДЛОГА

Можеби сметате дека за време на ниските температури се намалува можноста за дехидрација на вашиот миленик. Не сте во право. На вашиот миленик му е потребно исто толку вода колку и во топлите летни месеци, затоа обезбедете доволна количина свежа вода за да спречите дехидрираност.

Обезбедете топла подлога за спиење на вашите миленици, без разлика дали се чувани надвор или дома. Подовите се поладни па затоа поставете топло ќебенце и обезбедете топол затворен простор за вашиот миленик за време на ладните зимски денови.

Шепи во снег

Редовно треба да ги сечете ноктите на вашето куче, посебно во текот на зимата. Студот и влагата ги оштетуваат ноктите кои стануваат кршливи , па постои поголема веројатност да осетат голема болка. Освен ноктите, исто така е неопходно да се скратат влакната меѓу перничињата на шепите. Во овие делови на шепите се собира најмногу снег и мраз, кое може да биде непријатно и иритирачки за кучињата кога ќе се обидат да ги гризат и да ги лижат нозете.

Заштитен балзам или вазелин за шепите

Пред да тргнетете со кучето на зимска прошетка, нанесете тенок заштитен слој на балзам, специјален восок или пак вазелин на шепите кај перничињата за да не дојде до оштетување на кожата. Не ставајте премногу бидејќи меките шепи се помалку отпорни на абење и се подложни на рани. Тенкиот слој е сосема доволен. Притоа изберете препарат со неутрален мирис и вкус бидејќи кучињата сакаат да лижат се што мислат дека е за јадење.

Нега по прошетките

Кога се враќате дома со вашето куче, неопходно е да им ги измиете шепите со топла, не жешка вода. Со ова ќе се растопи снегот и мразот фатен на телото и на шепите на кучето, а ќе ја измиете и нечистотијата но и ќе ја подобри и циркулацијата во градите на кучето. Не заборавајте дека има многу сол, хемикалии и антифриз на коловозите. Тие се многу абразивни и опасни за кожата на кучето, па затоа темелното миење послем зимските прошетки е исклучително важно за вашето куче.

Обувки за куче

Колку и да ви е смешно обувките за кучиња е најефикасното решение за заштита од снег и мраз. Обувките треба да бидат водоотпорни бидејки водените обувки се поопасни од босите шепи бидејки може да дојде до премрзнување на шепите. Ако вашето домашно милениче не може да се навикне и да користи обувки , не инсистирајте, но придржувајте се на советите за заштита.

Премрзнати шепи-симптоми

Повеќето кучиња нема да имаат видливи повреди и лузни на перничињата на шепите , но иритираните шепи ќе попримат светло розева или црвена боја. Кучето не може да оди или да се потпре на нозете поради болка. Исто така може поинтензивно да го лиже болното место кое пак ја влошува состојбата. Можете да му помогнете ако веднаш му ги измиете шепите и дезинфицирајте ја раната со антисептик или антибиотска маст. Секако консултирајте се и со ветеринар. Додека не ги санирате повредите на вашиот миленик избегнувајте прошетки по снег.

Имаш прашање, критика или сугестија? Кликни на копчето и вклучи се во дискусијата на нашата ФБ страна!