Заштитете го вашето куче од празнични огномети и петарди

Во последно време стана нормално секоја новогодишна ноќ да биде придружена со петарди и огномети. Колку тоа е пограндиозно и погласно славениците се чувствуваат подобро. Но за животните, посебно за кучињата, ова претставува огромен стрес и лошо искуство. Само оние кучиња кои поминале специјална обука посебно ловечките се помалку чувствителни на овие влијанија. Но повеќето кучиња, и домашните но и уличните не се навикнати на овие стресни состојби така што новогодишната ноќ за нив може да биде особено страшна и вознемирувачка како за нив така и за нивните сопственици.Според статистичките податоци, повеќе миленичиња бегаат од дома за време на празниците отколку во обичните денови. Затоа треба да преземете акција и дополнителни чекори за да ја осигурате безбедноста на вашите миленици. Треба посебно да внимавате на вашето куче за време на новогодишната ноќ.

Кучињата се плашат од гласни звуци

Природно е за кучињата да се плашат од гласни звуци. Гласните звуци влијаат на нивниот нервен систем и можат да се вознемирени и многуда се исплашат. Тие обочно бегаат во спротивна насока од каде доаѓа бучавата а тоа е нивниот вроден механизам за преживување.
Запомнете- за вашето куче, искуството од огномет е различно од доживување на други природни гласни звуци, како што се молњите. Огномет и звуците на петардите се поблиску до земјата, предизвикуваат вибрации и се придружени од ненадеен шум, чад и мирис на чад. Бидејќи кучињата го доживуваат светот со носевите, очите, ушите, типичната новогодишна прослава, може да биде претерано стресно искуство за нив.
Најчестите симптоми за куче кое е исплашено : тресење, криење, барање подршка, утеха и заштита од сопственикот, зачестено мокрење, засилено лачење на плунка и други манифестации на страв.

Што можеме да сториме за да им помогнеме?

Ако сте во можност тргнете го кучето од местото каде што ќе има силен огномет – во домот на пријатели или роднини или во простор каде што веќе сте го носеле кучето. Ако не можете да го однесете вашето куче на место далеку од огномет, тогаш ставете го во транспортерот дома за да се чувствува безбедно во него. Ако не планирате да биде дома за празниците, и не планираат да го земете миленикот со вас тогаш за да го заштитите однесете го кај доверлив човек кој добро ве познава вас но и вашето куче. Исто така препорачуваме ако вашето куче е хиперсензитивно, во консултација со ветеринар неопходно е да му дадете лекови за смирување за време на огномет. Ако ви се случува да бидете со вашето куче за време на огномет, обратете му се со смирен глас за да му помогнете да се релаксира.
Запомнете- луѓето комуницираат со зборови додека кучињата комуницираат со енергија и секогаш го анализираат вашето однесување како алфа мажјак или водич на чопорот. Ако покажете дека сте возбудени или бурно реагирате на надворешните звуци и кучето ќе бидат во стресна состојба. Ако сте смирени и вашето куче ќе свати дека не треба да реагира со страв на силните звуци.

Имаш прашање, критика или сугестија? Кликни на копчето и вклучи се во дискусијата на нашата ФБ страна!