Име: Нора (хибру=светлина)
Прекар: Ме викаат Норка-ѕверка, Нори и Норе (како што сака да ме вика нашиот хрватски зет Станко)
Датум на раѓање: 21.07.2017
Години: Ако сум големка, имам само една и пол година
Раса: Незнам, не памтам. Бев бебе кога ме спасија од среде булевар. Газдарицава вика дека сум мешавина со лабрадор, според бојата на крзното и карактерот
Хороскоп: Јас сум лавица со срце на маче
Стил на однесување: Секогаш сум максимално друштвена, разиграна и растрчана
Омилен лик: Драгче, зошто најмногу ми дава за јадење и дека нон стоп ме чешка и ме шета на Гази Баба
Не баш омилен лик: Не постои. Ги сакам сите, дури и оние кои не ме сакаат мене
Обожавам: Деца, а ме обожаваат и они мене. Многу сакам да се возам во кола и да си разгледувам
Спорт: Спиење. Кога сум будна, трчање. Имам доооолги нозе. Спринт и маратон ми се омилени.
Филм: Откако се изгубив, омилен филм ми е “Леси се враќа дома”
Талент: Пеење со играчки што свират
Маана: Немам поим и не разликувам добри од лоши луѓе, ни добри од лоши кучиња
Омилена храна: Јас сум голема лапачка. Се ми е омилено
Омилено место за искачање: Многу ми е убаво во AvAv Happy Dog, во Градски парк и најмногу сакам да одам на планина во Паланка, да си се изнатрчам на раат
Најголема беља што ја имам направено до сега: Еднаш се изгубив и незнаев сама да се вратам дома, па тргнав во седумдневна авантура по автопат. Од Скопје, ми текна, си викам ќе одам накај Куманово. Од тогаш ме викаат и Нора-автостоперка
Љубовен статус: Слободна женска сум, ама со многу удварачи. Ми се удвараат и мали и големи
Во слободно време: Дружење со расни и улични другарчиња, не ги делам, сите ми се љубов и голема радост
Омилена активност: Бркање птици и бањање во езерцето во парк, по грешка де, несакајки
Животно мото: Ве сакам сите