Запознајте ја АСИ, која спие само и само на кревет

Име: Се викам Аси

Години: 6

Раса: Кане Корсо измешан со некој локален мангуп Пит Бул

Хороскоп: Сигурно некое срце (ако постои)

Стил на однесување: Секогаш  расположена за гушкање, галење, чешкање и ЈАДЕЊЕ! Љубоморка сум, ако осетам дека не царувам во моментот.

Омилен лик: Газдарицата по дома, зошто најмногу ме тинтра. А газдата  за  надвор зошто кога ќе му се качам на глава секогаш ме шета.

Не баш омилен лик: Не постои. Ги сакам сите. Ок, може на некое мало детенце да му покажам заби, дека нели.. главна…

Обожавам: СИТЕ  ДА СЕ ОКОЛУ МЕНЕ И ДА СУМ ЦЕНТАР НА ВНИМАНИЕ.

Спорт: Спиење. Само и само на кревет. Ми викаат дека сум голема и дека од мене не можат да си легнат, ама го користам оној‘ поглед и се е решено!

Талент: Да се преправам дека плачам кога нешто не ми прават по ќејф. Да ги будам моите омилени по дома со бацување без разлика дали им било Сабота или Недела.

Омилена храна: Кекси ми се top of the top!  Уствари….не прибирам.

Најдобар другар: Уште поголемиот од мене Медо. Ама не му дозволувам да ми влегува внатре кај што ги уживам сите погодности со моите газди. Му се качувам на глава, му ја јадам храната. .. Ако згусне‘ e тогаш богами сме тандем. Многу ме толерира и почитува. На крај краева, девојче сум нека ми попушта!

Омилено место за излагањеЗнам да гледам на саат и околу пладне обавезно почнувам да скокам и досаѓам да ме однесат на кеј. Во АВ АВ Хепи Дог сум многу збунета од толку многу кутриња. Ме носат по малку…како во градинка. Ама мислам и таму дека ќе ме биде. 

Имаш прашање, критика или сугестија? Кликни на копчето и вклучи се во дискусијата на нашата ФБ страна!