Запознајте го Медо, Кангал чувар заштитник а сепак нежен со деца

Име: Се викам Медо

Години: 8

Раса: Кангал

Хороскоп: Чувар

Стил на однесување:  Храбар! Неверојатен чувар на мојот голем двор, нежен со деца, независен и заштитнички настроен. Свесен за мојот став и големина не им се замарам на мали кутриња. Нека лаат…. Малце повеќе сум тврдоглав и не секогаш сакам да правам нешто кога ќе ми кажат да правам. Само јас кога сакам и ако сакам.

Омилен лик: Само моите по дома. Другите не ме интересираат.

Не баш омилен лик: Секое куче што ќе се осмели да ми се приближи до дворот. Сите коли на паркингот.  Некои по мое лоши луѓе што исто така сакаат да влезат.

Обожавам: Да лежам, шетам, да се бањам во Вардар намерно колку и да ми викаат НЕ, да ме чешлаат…

Спорт: Спиење  пред врата. Нека скокнат преку мене ако можат, мене местото ми е таму. Мора да гледам од високо и да чувам, нека се снаоѓаат.

Талент: Да бегам од дома. И само јас си знам од каде бегам. Не знам зошто луѓето така страшно ме гледаат, кога надвор ама баш ништо не им правам, не ме интересираат.   

Омилена храна: Малце сум пребирлив, не сакам да јадам се од прва‘. Мора малце да го погледам, подушкам, па полека да каснам. А и џентлемен сум голем. И оставам на другарка ми Аси. Таа секогаш е расположена да дојаде се.

Најдобар другар: Па… Аси….. ептен дека ја почитувам и е женско и е таква каква што е па и дозволувам многу. Пак ќе кажам – културен сум и џентлемен каде треба и со кој треба!

Омилено место за излагање: Free style! Ме земаа од дома, ме однесоа некаде. Ме немаше 2 години, ама јас се снајдов и си се вратив пак домче! Така да…. за шетање дури и сам и снаоѓање сум сосема ок.

Имаш прашање, критика или сугестија? Кликни на копчето и вклучи се во дискусијата на нашата ФБ страна!