Запознајте го ДИНО, се занимава со декорирање по дома!

Здраво, Јас сум Дино
Роден 21.09.2018
Раса: Англиски Булдог
Прекар: Динко мишелинко, прасенце, другарчињата од ав ав ме викаа и танчерка (танцував секое наредно појавување таму).
Нај добар другар: Ефе што сака да биде доберман кога ќе порасне. Тој ме научи на сите добри и не така добри финти таму кај нас во ав ав.
Омилена храна: Се од храна а може и по некој предмет
Омилен спорт: Спиење
Хоби: декорирање на мебелот и ѕидовите дома ( да бидат онака по мој вкус)
Омилено место: Ав Ав хепи дог
Љубовен статус: заљубен до уши во Мими (германски овчар) три пати поголема од мене
Обожава: парк, кучиња, возење во кола, јадење!
Мото: Секој предмет може да се претвори во играчка и гризалка
Кога ќе пораснам: Ќе бидам јас главен во ав ав !!
Поза за спиење: цела спална е моја споственост.
Маана: никогаш доста од храна и игра.
Не баш омилен лик: чичко ветеринар (тој што ме боцка)

Јас и Мими (мојата сакана)

Дино и Дагар

Јас и ЕФЕ

Имаш прашање, критика или сугестија? Кликни на копчето и вклучи се во дискусијата на нашата ФБ страна!