Запознајте ја Бејби, која обожува да седи напред во кола

Име: Бејби


Прекар: дудл

Датум на раѓање: 10.10.2016

Раса: Голдендудл (Татко златен ретривер, мајка пудлица)

Стил: нудист, не сака никаква гардероба на себе

Од третмани практикува: Четкање секој ден и миење нозе после парк

Омилен лик: татко ми , само не знам зашто мора баш секој ден да оди на работа и да не се игра со мене

Не баш омилен лик: Комшијата, немам разлог ама не можам да го смислам

Омилена храна: Пилешко на секаков начин

Омилен спорт: тенис и фудбал

Обожава: паркови и цел ден да е надвор, вожња во кола ама под услов она напред да седи

Поза за спиење: само на грб – дудл поуз

Талент: Препознавање плава боја (блу бол)

Мана: никогаш не знае кога е доста со играње

Љубовен статус: девица е уште, патријархално воспитана, ништо пред брак

Животно мото: Парк секој ден и топка нон стоп

Имаш прашање, критика или сугестија? Кликни на копчето и вклучи се во дискусијата на нашата ФБ страна!