Домашна обука за воспитано и послушно куче

Дали знаете дека клучот за успешна домашна дресура е да го научите вашето куче да ве разбере што му зборувате, а обуката е можна за секое куче, без разлика дали е расно или мешанче

За секое куче е потребна обука, додека e тоа уште малечко. Секоја дресура не се изведува на ист начин. Обуката претставува малку повеќе од обраќање кон вашето куче за да престане да се однесува на начинот на кој тоа се однесува. Ова е една од најосновните работи што треба да ги знаете за вашиот домашен миленик.

Одгледувањето на кучиња е забавно, па затоа многу е важно воспитувањето да почне што е можно поскоро, бидејќи неприфатливото однесување на миленикот ќе продолжи додека е живо.

Успешна домашна дресура

Дали знаете дека клучот за успешна дресура е да го научите вашето куче да ве разбере што му зборувате. Обуката е можна за секое куче, без разлика дали е расно или мешанче, но воспитувањето на кучето зависи од неговиот темперамент. Дресурата е процес на обука на кучето за да покаже прифатливо однесување во различни околности. Ако дресурата ја изведете правилно, тоа ќе го зајакне вашиот однос со кучето.

Обуката за кучиња дефинитивно не е научна фантастика и полесно е да се направи отколку што мислите. Обуката е нешто што секое куче треба да го помине, без оглед на големината и расата. Но не заборавајте дека дресурата не е засекогаш.

Она што го научило кучето треба секојдневно да го практикуваме и заеднички да ги повторуваме научените навики и рутини. Притоа кучето треба да го наградиме ако направи нешто добро. Во спротивно кучето брзо ќе го заборави наученото и стекнато знаење во процесот на дресура.

Кога ќе земете кученце дома основно е преку дресура и големо трпение и упорност прво да му покажете каде се врши нужда. Во спротивно, ако го пропуштиме времето за обука, додека кученцето е малечко, цело време ќе имаме проблеми и непријатни случки со него како возрасно куче.

Ова се однесува и на основните команди и трикови кои сакате да ги прави кучето, но тие се учат додека вашето милениче е малечко. Индивидуалната обуката која можете самите да ја направите е многу важна за секое куче, без оглед на раса, големина или темперамент.

Обука и за сопственик на невоспитано куче

Однесувањето и послушноста е важна одлика на вашето куче или кученце, но во исто време е и мерило на вашата одговорност како сопственик. Многу луѓе денес ги водат своите миленици со себе каде и да одат. Кога кучето прави нешто погрешно или не се однесува добро, не го подржувајте во неговото однесување.

Ова е знак дека на кучето но и вам ви е потрбна обука и поука што е дозволено а што не во однесувањето на вашиот миленик на јавно место. Основно е да запомнете дека само со награда или тритче не можете да го натерате миленикот на добро однесување.

Запамтите дека неговото игнорирање е најголемата казна за него! Треба трпение за да му покажете дека прави нешто добро или пак недозволиво. Со упорна обука, однесувањето на вашиот миленик може ефективно и хумано да го корегирате, за да се воспостави соодветно однесување и почит. Никогаш не е предоцна да се почне со тоа!

Проблематично однесување – агресивноста

Како проблематично однесување на куче е и агресивноста кон луѓето и другите животни. Со соодветна дресура и многу трпение одговорните сопственици успеваат на хуман начин да му помогнат на миленикот подобро да се соцјализира и подобро да се однесува пред се со сопственикот но и со другите луѓе и животни. Обуката за послушност на кучиња е задолжителна ако сакате вашето куче да ве слуша. Ова е особено важно кога сте на улица или во јавен парк.

Дресура за послушност е за секое куче

Ваквата дресура ги учи кучињата да бидат понезависни од другите и послушни кон вас. При дресура и обука многу е важно да се користат алатка- поводник за дресура. Важно е дресурата веднаш да започне.

Совет за обука на кучиња:

Обуката на кучиња е инвестиција во вашето куче и домот. Пред да одлучите што да направите со кучето, треба да знаете некои факти.

Еве неколку различни видови на дресура:

Пред се тоа е дресурата за однесување која се состои од учење на вештини за живот, како што се спречување на проблеми и справување со стравовите и агресијата, и како правилно да се однесуваат кон други луѓе или кучиња, но и кон животната средина, без премногу стрес.

Социјализацијата на куче е еден вид на дресура во која кучето учи да биде добар пријател, добро да се однесува со сите членови на фамилијата, другите кучиња, и со другите луѓе со кои се во контакт со него на јавен простор. Вклучува обука за дома, добро однесување кон предметите во домот, со луѓе и други кучиња, однесување и движење без поводник и многу други работи што го прават вашето куче многу подобро за друштво. Овие вештини на добро однесување можат лесно да се стекнат доколку вашето куче е во дневна нега или специјализирана градинка за кучиња.

Следното е Обука за послушност – ова е една од најдобрите работи што можете да ги направите за вашето куче или кученце и за себе. Оваа обука не ги решава сите проблеми во однесувањето, туку е основа за решавање на било каков поголем проблем . Обуката вклучува традиционални вежби, како што е наредба за седење, чекање, лежење, одење покрај нога, поздравување итн. Овде се става акцент на брзината и точноста на изведбата на наредбата. Ова не е вежба за подобрување на однесувањето на кучето тука обука за сопствената волја и послушност.

Дресура за агилност

Оваа обука е важна за луѓето кои сакаат да си играат со кучињата и за развивање на нивните способности – лов, потрага и спасување, наредби да донесат одреден предмет како што е играње фризби, фрлање топче, или други спортски активности и за агилност на кучето. Се разбира, постои тенка линија помеѓу сите овие различни дресури. На пример, кучето што седи нема да го повлече поводникот.

Сепак, изберете каква обука најмногу ќе одговара на вашите потреби и на потребите на вашиот миленик. Ако одберете соодветна обука вашиот миленик дури може да престане да копа дупки во дворот или да уништува мебел дома. Со обуката кучето ќе биде ангажирано и нема да му биде досадно, а што е најважно заедно ќе уживате насекаде, без да се срамите од неговото однесување во јавен простор.

За дресура за агилност на кучиња прочитајте повеќе тука

 

Имаш прашање, критика или сугестија? Кликни на копчето и вклучи се во дискусијата на нашата ФБ страна!