Дилеми и совети дали на летување со куче?

Годишните одмори започнаа, но некои уште размислуваат каде да заминат и да се одморат. Но, во најголема дилема се сопствениците на миленици посебно на кучиња кои си поставуваат многу прашања пред да заминат на одмор: дали да го земат кучето со нив или на кого да го остават да се грижи за него, додека се отсутни.Ако се одлучите да го земете вашето куче на одмор со вас, обрнете внимание на следново:

1. Треба детално да се информирате дали местото каде што планирате да заминете на одмор е пет френдли, односно дали во местото каде што планирате да летувате се расположени да примат миленичиња. Затоа распрашајте се дали во хотел, камп или во приватно сместување, како и на плажа е дозволено присуство на миленици и кои миленици. Тоа морате да го направите за да ги избегнете непријатностите и недоразбирањата па одморот да ви се претвори во лошо искуство.

2. Ако со вашето куче или друг миленик планирате да заминете во земјите на ЕУ, ви требаат следните документи:

– кучето да е вакцинирано (против заразни болести и беснило) и трајно обележано со чип.

– потврда за здравствената состојба на кучето, сертификат со понов датум издаден од ветеринар

– Титар тест издава лабораторија овластена од ЕУ

– Сертификат за напуштање на земјата – издадена од надлежна Републичка ветеринарна инспекција.

За земјите кои не се членки на ЕУ, титар тестот на треба да е услов и затоа треба да се информирате за посебните правила на земјата во која треба да патувате. Некои од земјите-членки на ЕУ бараат други услови (на пр. кучето треба да е во карантин ако доаѓа од земја која не е членка на ЕУ). Најдобро за овие и другите услови да го консултирате вашиот ветеринар.

3. Важен е начинот како ќе го транспортирате кучето

Ако патувате со автомобил, не го хранете кучето пред тргнување понесете вода и направете му место каде ќе седи. Кучиња кои не сакаат да се возат во автомобил ставете ги во транспортер и правете почести паузи додека патувате. Ако патувате со авион, побарајте информации од авиокомпанијата , бидејќи правилата за превоз на миленичиња се многу прецизни.

4. Однесување на плажа и шеталиште

Земјата во која летувате може да има посебни правила за кучиња (на пр. Дали треба да носат корпа на устата , или под кои услови смее кучето да се движи без поводник и други правила). Затоа е добро да се информирате за тоа на време. Од друга страна, имајте на ум дека на некои луѓе нема да им биде пријатно вашето куче да е премногу блиско до нив, на пример, на плажа.

Иако вашето куче е дружељубиво и пријателски настроено, многу луѓе не го знаат тоа и може да бидат загрижени за нивната безбедност или за безбедноста на нивните деца. Имајте разбирање за такви ситуации.

5. Жештина и топлотен удар

Кучињата лесно можат да почувствуваат топлотен шок во летните месеци. Затоа е важно да не бидат изложени директно на сонце во најтоплите часови од денот. За вашиот миленик да биде добро заштитен се препорачува одење на плажа рано наутро и покасно попладне кога сонцето не е јако, исто како и со мали деца или бебиња. И никако не заборавајте да го истуширате вашиот миленик после секое бањање во солена вода! Солта му штети на крзното, а особено на кожата, предизвикува алергии, оштетување на влакното и кожата!Особено внимание треба да обрнете на жешкиот песок. Ако и вие неможете да одите по него, бидете сигурни дека и вашиот миленик неможе, и ќе добие изгореници на шепите. Кога ќе ги имате на ум сите овие работи, ќе ви биде јасно дека одење со куче за одмор може да биде комплицирано. Но не се откажувајте.

АвАв Хепи Дог центарот за миленици Базен со прскалки

АвАв Хепи Дог – каде што вашиот миленик е на одмор

Ако сепак процените дека не сте во можност да го земете вашето куче на летување со вас, оставете го кај ваш близок кој ќе се грижи за него додека сте на одмор. Имате избор и да го сместите во пансион за кучиња, како што е АВАВ Хепи Дог центарот во кој кучињата се на прво место.

Нашите услови се по светски стандарди и за вашето куче се грижи обучениот тим на АВАВ хепи дог паркот. Па нели и кучето заслужува одмор по негов терк, без долги и мачни патувања, во природа, базен со прскалки за освежување и во друштво со негови пријателчиња од истиот вид.

Тропските температури во лето се многу поопасни за кучињата и за мачките отколку за луѓето, бидејки милениците немаат систем за ладење на организмот и телото, па многу е важно да им пружиме прва помош при топлотен удар и сончаница, бидејки тоа е пресудно дали ќе преживеат без последици. Потоа најбрзо однесете ги на ветеринар.

Освежување во базенот на АвАв Хепи Дог

Колку е штетно сонцето за вашите миленици и совети за тропски температури прочитајте тука. 

Имаш прашање, критика или сугестија? Кликни на копчето и вклучи се во дискусијата на нашата ФБ страна!