Време е за заштита на кучето од крлежи и болви!

Почна сезоната на надворешни паразити кај милениците

На убавите сончеви и топли пролетни денови се радуваме сите, посебно сопствениците и нивните миленици. Престојот во природа, прошетките и играњето во паркови им се допаѓаат на сите, но внимавајте со покачувањето на надворешната температура и будењето на природата почнува и сезоната на крлежи и болви.

Што се крлежи и болви?

Болвите и крлежите се штетни паразити кои ја цицаат крвта на домаќинот, предизвикуваат непријатно чешање и иритација на кожата. Кучињата кои се алергични на болви имаат многу бурна реакција на нивниот угриз. Може да се појави силен, болен осип и губење на влакната. Потребна е ветеринарна помош, а третманот е долготраен.

Крлежите не предизвикуваат чешање, но црвенилото на кожата може да се појави на местото на угризот. Особено опасни се заразените крлежите кои се пренесувачи на разни болести.

Најтешка е Лајмската болест. Првите симптоми на болеста можат да се појават од 3-ти до 30-ти ден од каснувањето. Ако кучето е безволно и одбива храна, веднаш однесете го на ветеринар кој ќе му одреди антибиотска терапија ако станува збор за Лајмска болест.

Наша препорка е да не се обидувате да го отстраните крлежот туку тоа да му го препуштите на ветеринар или некој кој е стручен за отстранување на овие паразити. Во спротивно ќе му направите голем здравствен проблем на вашето куче бидејки крлежот треба комплетно да биде отстранет од телото на кучето.

Болви

Болвите се мали штетни паразити кои живеат во крзното на кучето. Тие се многу отпорни и брзо се размножуваат, особено ако климата е погодна и има влага. Болвите намаат крилја и не може да лета, но имаат многу силни задни нозе што им овозможува лесно да се движат од едно до друго куче.

Ако вашето куче веќе има болви, тогаш ви е потребно средство за уништување на овие паразити како и многу трпение бидејки за да ги отстраните треба време и упорност.

Многумина сопственици на миленичиња се прашуваат како да препознаат болви на кучето поради нивната мала големина и брзото криење на кожата и во влакната на кучето. Болвите се хранат со цицање на крвта на животното на кое тие живеат, и најдобро им одговара температура на 15-35 степени и влажност меѓу 75-85%.

Но, болвите го оставаат својот измет на телото на кучето, а со нивниот убод и цицањето крв ги предизвикуваат следниве симптоми кои ви откриваат дека вашето куче има болви.

-Изразито јако чешање, на телото на кучето поради алергиски реакции од лигавицата на болвата. Црвенило и губење на влакната на места каде болвата гризнала, задебелена и црвена кожа со ситни крвави красти, измет од болви кои личи на мелен пипер. Болвите брзо се размножуваат и од една болва за неколку денови може да се размножат стотици па затоа треба брзо да дејствуваме со разни средства препорачани од ветеринар.

Многу ефикасни против болви се ременчињата за таа намена, шампони против болви, разни прашоци, ампули и други средства. Но не заборавајте дека болвите некогаш наоѓаат начин да се префрлат и на човек и да продолжат да се хранат и да се размножуваат кај новиот домаќин. Затоа внимавајте бидејки болвите и крлежите се опасни и за сопствениците на миленичиња.

СОВЕТИ

За да се заштитиме ние како и нашите миленици од овие штетни надворешни паразити треба да превземеме ефиказни мерки. Еве што веднаш треба да направиме за да ја намалиме веројатноста нашиот миленик да не дојде во контакт со овие штетни и опасни по здравје паразити.

Исчистете го дворот и домот

Болвите и крлежите се размножуваат многу брзо и демнат во жбуновите и високата трева. Затоа редовно одржувајте го дворот во кој кучето престојува и си игра. Искосете ја тревата и исчистете ја куќичката на кучето пред почетокот на сезоната. Крлежите и болвите сакаат топли и темни места, а во зима во полусон преживуваат скриени под килимите, креветите и на други места во станот.

Темелно исчистете го станот со правосмукалка, а посебно обратите внимание каде што кучето поминува најмногу време. Посебно исчистете го и дизинфицирајте го креветчето и перничето каде што спие вашето куче. Ако кучето често патува со вас во автомобил треба и таму детално да исчистите. Одржување на хигиена многу ја смалува можноста кучето да добие надворешни паразити.

Заштита со препарати против паразити

Не чекајте вашето куче да почне да се чеша за да реагирате. Клучот за заштита од крлежи и болви е превенција. Однесете го кучето кај грумер да го среди или самите искапете го и исушете го. Потоа ставете му ампула против паразити или пак ремче за заштита од крлежи и болви.

Ако не знаете или пак се двоумите како да го заштитите вашето куче тогаш консултирајте се со ветеринар, бидејки важно е средството да не биде штетно за миленикот туку да има ефект за да ги уништи крлежите и болвите како и јајцата и ларвите во сите фази на развој.

Прегледајте го кучето по секоја прошетка

Иако вашиот миленик го имате заштитено со некое средство сепак проверете го вашето куче по секоја прошетка. Кога шетате со вашето домашно милениче, погрижете се да не влезе во висока трева или во грмушки. Пуштете го да си игра во парк или на средени тревни површини во чист специјализиран парк за кучиња.

Кога ќе се вратите дома сепак прегледајте го кучето, посебно околу вратот, ушите и секаде каде влакната на кучето се погусти. Крлежите најчесто ќе ги најдете ако полека го четкате кучето дел по дел. Ако вашиот миленик има долги влакна бидете дополнително внимателни и темелни додека го прегледувате.

 

Имаш прашање, критика или сугестија? Кликни на копчето и вклучи се во дискусијата на нашата ФБ страна!