Внимавајте, празничната храна од луѓето е опасна за милениците!

Сите ние за празниците подготвуваме специјална богата трпеза за да го изненадиме семејството и на свечено украсената маса сервираме калорични специјалитети и пијалоци кои ги одбегнуваме во секојдневната исхрана од разни причини. Но запомнете и внимавајте со оваа празнична храна не ги храните вашите миленици. Човечката храна, посебно празничната може да биде многу опасна за здравјето на вашето куче!

Колачите, сувото и свежото грозје можат да предизвикаат бубрежно заболување па дури и откажување на работата на бубрезите на кучето. Слатки и бомбони не се за кучиња, посебно оние бонбони и слатки кои содржат ксилитол (можеме да го најде и во паста за заби). Шеќерот ја зголемува циркулацијата на инсулинот во телото на кучето, нивото на шеќер во крвта паѓа и може да му откаже работата на црниот џигер и тоа само за два дена.

Кофеинот е уште поопасен. Во поголеми количини може да биде фатален за кучето. Нема лек. Ако вашето куче пие кафе или јаде зрна кафе, пие повеќе чај или нешто друго што содржи кофеин какао и производи од какао, чоколада, газирани пијалоци, некои енергетски пијалаци, ќе почне забрзано да дише , неговото срце тешко, неправилно и забрзано работи, мускулите и телото му се тресат и може да се појави крварење.

Маринираното месо со разни зачини и маснотии, без разлика дали тоа е пилешко, мисиркино или шунка, навидум безопасна храна, може да предиизвика потешкотии во дигестивниот тракт кај кучето, да не може да ја свари храната и да предизвика панкреатитис. Маринадите, зачините и прашоците што се користат за подготовка на маринадите се многу опасни за вашето куче. Затоа остатоците од празничната трпеза тргнете ги подалеко од вашето куче.

Јаткастите плодови се здрава храна за луѓето, ако немаат алергии. Но оревите,и другите јаткасти плодови никогаш не им ги давајте на вашето

куче па макар биле и во колачиња бидејки може да предизвикаат слабост во нозете и грозница.

Дури и мали количини чоколада за нашето милениче може да бидат многу штетни и да предизвикаат болки во стомакот. Исто така и тесто за торта што содржи живо јајца може да содржи салмонела, така што вие и вашето домашно милениче треба да го одбегнувате!

Кромидот и лукот кој се многу корисни за здравјето на луѓето, се многу штетни за вашето домашно милениче. Сите состојки во овие зеленчуци имаат материи кои може да им ги оштетат црвените крвни зрнца. Лукот е уште попасен и поотровен па треба да се знае дека иако овие зеленчуци се сварат не ги губат штетните состојки за вашето куче. Предизвикуваат анемија и други крвни болести кај кучињата.

Алкохолот посебно вкусот и мирисот на пивото некои кучиња го сакаат , но запомнете дека и мали количини на алкохол, особено пиво, може да бидат опасни по живот за вашето домашно милениче. Хмењот кој го содржи пивото е многу отровен и предизвикува покачување на температурата кај кучето, ја забрзува работата на срцето, повраќање па и фатален завршеток на животот на кучето. ВНИМАВАЈТЕ!!!!! Вашето куче држете го подалеку од алкохол -посебно подалеку од пиво.

Варените коски веруваме дека се супер деликатесна храна за кучиња. Но бидете внимателни! Варените коски може да се здробат и во цревата па и во целиот дигестивен тракт да предизвикуваат големи оштетувања кај вашето куче. Затоа не експериментирајте со храната на вашето куче.

Солената храна може да биде уште поштетна. Чипс и солени закуски не се за куче. Ќе има голема потреба за вода бидејки се јавува неконтролирана жед и кучето многу тешко ќе ја исфрли сета сол од телото . Се разбира, потешко од вас. Ако станува збор за поголеми количини сол , миленичето може да умре.

Имаш прашање, критика или сугестија? Кликни на копчето и вклучи се во дискусијата на нашата ФБ страна!