Бонтон за сопственици и за кучиња – важи и за принцези

“Сакам кучиња, но не ми се допаѓаат нивните сопственици”, е честопати гласно кажан коментар во јавноста. Мораме да признаеме, сакале тоа или не и многумина љубители на домашни миленици се согласуваат со ова. Сопствениците на кучиња се одговорни за однесувањето на своите миленици, и нивните несакани испади и надвор од дома.

Марк Цукерберг со ќеса од измет со неговиот миленик

Сопствениците на кучиња се должни своите миленици да ги научат на одредени правила, за да не ги загрозуваат луѓето, другите кучиња, туѓите предмети или јавните простори. Многу сопственици на кучиња ги игнорираат овие правила, иако тие не се претерано тешки и строги. Потоа истите тие се навредени и изненадени од високите казни предвидени со закон но и од коментарите на минувачите.

Основни правила на одговорно сопствеништво

Били Реј

На јавни места, кучето мора да биде на поводник . Дури и оние најмирните кучиња може, ненамерно, да изненадат некого со ненадејно лаење или скокање. Голем број луѓе се плашат од кучињата, така што нивните сопственици секогаш ова треба да го знаат. Кога сопственикот го носи кучето на прошетка со себе задолжително мора да носи кеси за да го собере изметот на своето куче.

На овој начин, улиците, парковите, јавните пешачки патеки, па дури и затворените места и спецјализирани паркови за забава на миленици ќе останат чисти.

Принцезата Викторија, ќерка на шведскиот крал

Така истите кучиња повторно можат да дојдат на чисто место и да бидат добредојдени како и нивните сопственици. Тоа не е сремота туку е доблест за одговорните сопственици бидејки во цивилизираните земји и на кралиците и на принцезите не им е срам да се наведнат и да го соберат изметот на своето милениче.

Ова е основен бонтон на однесување во јавен простор кој го почитуваат сите сопственици на миленици и нај богатите и нај познатите во целиот свет.

Кетрин Зета-Џонс

Кога станува збор за мокрење, сопствениците мора да се погрижат нивните кучиња да не го прават тоа на приватни површини, во приватни тревници, во затворен простор во спецјализирани паркови за заваба на кучиња, градини или на места каде што растат цвеќиња. За сопствениците на кучиња кои се валкаат додека играат, задолжително е да носат крпа за да ја избришат валканицата што ја оставило нивното куче врз друго куче, луѓе или врз туѓи предмети.

Исто така одговорниот сопственик нема да му дозволи на кучето слободно да им приоѓа на минувачи или гости во објекти кои исто така имаат миленик со себе, и да ги мириса , за да се спречат несакани реакции. Ако женката е во циклус , сопствениците не би требало да ја носи на јавни места, или во спецјализирани паркови за кучиња, бидејќи може да привлече голем број на други кучиња и да предизвика потенцијална опасност за сите.

Многу е важно, а тоа е должност на сопственикот, кучето во случај да биде примено во нечии дом или во јавен објект, да биде надгледувано за да не уништува туѓ имот и да не предизвика инцидент или да вознемирува други посетители. Запомнете дека најважно е сопственикот навремено да реагира на неконтролираното однесување на својот миленик.

Кучето од најмала возраст треба да биде воспитано од сопственикот да слуша основни команди и на тој начин да покажува послушност и добро однесување. Така вашиот миленик и вие секаде ќе бидете добредојдени.

А што е најважно сопствениците нема да трпат критики од друѓите луѓе, а со тоа се губат предрасудите, луѓето се ослободуваат од стравовите кон животните и стекнуваат симпатии кон кучињата како најдобри пријатели на луѓето. Во спротивно антагонизмот се зголемува, и предрасудите растат.

Хедер Локер

На тие што не чуваат миленици најмногу им смета изметот од кучињата, а на љубителите на миленици им смета ѓубрето што го оставаат луѓето позади себе. Мораме да се согласиме дека измет и секаков вид на ѓубре, одпушок, хартија или пластика е штетно за сите нас, а особено за животната средина и сите живи суштества.

Затоа пред да фрлите ѓубре или ако не го соберете изметот секој одговорен сопственик на куче треба да се запраша “Дали сакам моето куче да го изеде ова?”

Мајкл Даглас

Ова се однесува генерално и за чистотата на градовите но и за чувањето на животната средина. Не фрлајте отпад на јавни површини, остатоци од храна, амбалажа, пластични кеси, шишиња па дури и употребени бебешки пелени на места каде што си играат вашите деца!!!. Има одредени места за тоа. За жал кеси со ѓубре се фрлаат околу и во корпите за отпадоци исклучиво предвидени само за миленичиња.

Чувајте ја животната средина за општо добро на целото општество, за да го зачуваме нашето и вашето здравје и благосостојба. Ѓубрето не го фрлајте насекаде, исчистете го и тоа што не е ваше, бидете добар пример за сите.

Не е доволно родителите да му кажат на детето дека треба да ја заштити животната средина, многу е поважно да го покаже тоа преку својот сопствен пример. Сепак, се случува родителите да ги заборават правилата. Тие го фрлаат ѓубрето токму таму каде што им кажале на децата дека не треба да го прават тоа. Децата се збунети, па следејќи ги нивните модели на однесување, односно нивните родители, почнуваат и самите да оставаат ѓубре зад себе насекаде.

Вака децата не можат да стекнат трајни позитивни навики, и како возрасни ја контаминираат животната средина. Затоа децата уште од претшколска возраст задолжително е да се научат како да ја чуваат животната средина и да стекнат трајни позитивни еколошки навики.

 

Имаш прашање, критика или сугестија? Кликни на копчето и вклучи се во дискусијата на нашата ФБ страна!