Белинда

Во животот човек од градинка стекнува пријатели со кои како расте се развива гради кариера некои ќе ги изгуби од некои ќе се разочара многу ќе ги заборави. Единственото нешто од што духовно никогаш нема да се одвои е од своето милениче од своето куче. Моја Белинда дојде во нашиот дом кмало 40 дена старо кученце. Мојата мајка беше екстремна педантерија мене не ми даваше со чевли да стапнам дома но на Белинда и беше дозволено се. Белинда едноставно беше куче кое зрачеше една,пред се, смиреност која ја пренесуваше и на нас, со грациозност и внимателност и нежност. Но имаше ситуации кога покажа заби за да си го заштити домот и мајка ми. Велам мајка ми оти со неа беше постојано. Ритуалот почнуваше со утринско кафе а за кучето смоки , храна најздрава најтазе прво за Белинда па после за нас, Долгите прошетки беа посебно задоволство и полнење батерии. Кога мајка ми почина кучето духовно почина, поживеа уште малку додека јас да заминам на одмор и да ја оставам во пансион. Ми јавија дека не е добра од море во купачи во кола возев како луда како никогаш до тогаш како и никогаш од тогаш но не стигнав ..испушти душа. Испушти душа оти тагуваше оти имаше голема душа кон својата друшка. Знаеше да си игра да се радува да ни ги гризи папучите но нејзе не можевме да и се налутиме. Денес имам друго малечко кученце кое Белинда во една прилика го спаси да не се удави во кофа малото падна од тераса. Немаше пород но малото Розе го чуваше како свое иако тоа и досаѓаше и го тргаше опашот ја кубеше. Навечер гушнати заспиваа. Ден денес и мене знае да ми летне наместо Рози да викнам по Белинда но тогаш знаат да се истркалаат и солзи кои никогаш нема да престанат за мојата прекрасна БЕЛИНДА.

од сопственикот Кристина Мачкиќ

Имаш прашање, критика или сугестија? Кликни на копчето и вклучи се во дискусијата на нашата ФБ страна!