Ако може да зборува, еве што ќе ви каже вашето куче

Кучињата се многу поедноставни суштества од луѓето. Тие се водени од основните животни потреби: храна, активност и дружење. Кучето не може да зборува, но неговото однесување може многу да му каже на сопственикот.

Еве што вашето куче ќе ви каже ако може да зборува.

Сакам да те заштитам

Можеби мислите дека вашето куче е ваша своина, но треба да знаете дека и вие му припаѓате на кучето. Тоа значи дека кучето ве почитува и чувствува одговорност и сака да ве заштити. Кога ќе ви седне на нозете, кучето се однесува како да ви е тоа сопственик.

Ги обележува вашите нозе како своја територија. Но кучето со тоа не ви кажува дека само сака да биде до вас туку дека вие сте негов најблизок и дека мирисате на него.

Кучињата ова го прават затоа што сакаат да бидат сигурни дека во вашиот живот има простор за нив, за да ги предупредат другите кучиња и затоа што сакаат да ве заштитат.

За да ве заштитат тие ќе заржат на гостите но и на други присутни кучиња.

Чувствувам дека си нерасположен

Вашето куче го чувствува вашето расположение и тоа влијае на него. Ако сте под стрес, кучето уште посилно го чувствува стресот, ако сте среќни и тоа е среќно.

Кучето умее да го почувствува вашето расположение дури и подобро од вашиот партнер. Едноставно кучето има моќ да седне и да ве анализира. Ако сакате вашето домашно милениче да се опушти, вие знаете каде да го почешкате. Ако сакате да го разиграте погалете го.

Ми треба повеќе шетање и играње

Ако го грицка мебелот или трча околу масата, кучето сака да ви каже дека му е потребна поголема активност. Вие не можете да очекувате да посвоите куче и едноставно да го затворите во стан, без да го истрчате и прошетате надвор во природа.

Ако вашето куче го уништува мебелот и предметите дома, тоа ви кажува дека му е досадно и му треба секојдневно шетање и трчање од 45 до 60 минути и 15 минути дресура.

Се плашам дека нема да се вратиш

Кучињата секогаш кога излегувате од дома се чувствуваат напуштени и заборавени. Затоа тие различно реагираат кога ќе се најдат сами дома. Некои го уништуваат мебелот и вашите лични предмети додека други пак реагираат како дете кое се изгубило во продавница и не може да си ги пронајде родителите.

Кучињата мислат дека нема да се вратите по нив. Поради тоа дури добиваат и пролив и вршат нужда дома. Тогаш треба да ја намалите нивната траума.

Имајте трпение и обидете се вака да постапите; облечете го палтото и земете ги клучевите па излезете надвор на 30 секунди. Вратете се назад и излезете повторно за една минута, а потоа за пет минути. Постепено зголемете го временскиот интервал. Не заборавете на кучето, пред да заминете конечно од дома да му дадете омилено тритче.

Знам дека си болен

Тешко е да се објасни овој феномен, но кучињата можат да детектираат болест каи нивните сопственици. Докажано е дека кучињата можат да детектираат повеќе тешки болести кај луѓето. Се знае дека кучињата поседуваат еден вид хемиски маркер и можат да намирисаат болест, исто како што намирисуваат инсекти, животни, мувла, кикирики, дрога и експлозив.

Исто така кучињата можат да проценат според здивот на сопственикот дали е дијабетичар и какво му е нивото на шеќерот во крвта. Кучињата дури можат да предвидат и епилептичен напад и ги предупредуваат сопствениците.

Некои раси на кучиња пак се почувствителни и од луѓето. Таквите кучиња често се користат за терапевтски цели, и им даваат љубов на оние на кои им е потребна, а освен тоа можат да реагираат и на здравствени проблеми.

Не се чувствувам добро

Важно е да се грижите за однесувањето на вашето куче, бидејќи ако нешто не е во ред со него тоа поинаку се однесува. Ако кучето не си игра како порано, агресивно е, тешко станува или не јаде доволно, или јаде премногу или често врши нужда, кучето ви кажува дека не е добро или е болно. Задолжително посетете ветеринар.

Сопствениците секогаш се прашуваат што нивното куче сака да им каже со своите постапки. Има толку многу знаци кои ви ги покажуваат а со тоа сакаат да комуницираат со вас.

Научете како да ги прочитате нивните постапки и да го научите и да го разберете нивниот јазик а со тоа и што вашиот миленик ви порачува. Говорот на нивното тело е всушност порака упатена до вас како сопственик. За нивните пораки и говор на тело прочитајте повеќе тука. 

Имаш прашање, критика или сугестија? Кликни на копчето и вклучи се во дискусијата на нашата ФБ страна!